(ВИДЕО) Хит во регионот, Меланија зборува српски за пожарите во Лос Анџелес
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2025
Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп во петокот го посетија Лос Анџелес за да ја проценат штетата од неодамнешните разорни шумски пожари. За време на посетата, тие се сретнаа со гувернерот Гевин Њусом и ја обиколија населбата Пацифик Палисадес, една од најтешко погодените од пожарите. Меланија разговарала со жена во Калифорнија и ја тешела на српски.
Иако претходно тврдеше дека нема да го придружува Трамп на официјални патувања, Меланија сепак се појави во Калифорнија.
"Здраво, како си?" Каде живеевте? „Имате ли семејство?“, праша Меланија.
Жената одговорила дека живеат еден блок подолу од местото каде што биле и им се заблагодарила за посетата.