Започнува „кампањата“ за нов гувернер на Народна банка, кој е првиот пик на власта?
Објавено во: Економија 25 Јануари, 2025
Дали со посетата на гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова започна кампањата за избор на нов прв човек на централната банка на Македонија?
На средбата одржана пред два дена, според соопштението од претседателскиот кабинет и од она на Нардона банка, се зборувало за заштитата на македонската економија од надворешни шокови, како и за макроеконосмката и финансиката политика, но логиката кажува дека состанокот бил искористен од страна на Силјановска Давкова да го слушне мислењето од Ангеловска-Бежоска кој треба да ја води Народна банка.
Мандатот на Ангеловска-Бежовска истекува во мај, откако пред седум години беше изгласана од Собранието на таа функција, а нејзиниот наследник нема да може да се избере без позитивно мислење од Силјановска Давкова.
Единствени имиња што се вртат засега во јавноста се тие на поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски и поранешната вицегувернерка и член на ИК на ВМРО, Маја Кадиевска Војнови.
Изборот на нов гувернер доаѓа во клучен момент на инфлација која тешко се зауздува, а една од клучните институции за нејзино запирање е Народна банка со својата монетарна политика и регулација на финансискиот систем.