20 Мај, 2024
0.0247

ГЕРМАНЦИТЕ БОГАТИ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА: Имаат толку многу пари што не ги интересира да штедат и вложуваат

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Богатството на Германците се зголеми во третиот квартал минатата година за 1,2 отсто и сега изнесува 5,7 билиони (билион-илјада милијарди) евра, покажуваат податоците на Германската сојузна банка.

Се очекува дека податоците за крајот на минатата година ќе покажат дека нивниот имот преминал сума од шест билиони. Во таа сума спаѓа вредноста на готвоината, акции и животни осигурувања, но не и недвижнини.

Граѓаните на Германија би можеле да бидат уште побогати да вложуваат повеќе во акции, но тие најмногу им веруваат на безбедните и лесно достапни обични штедења, како што се штедната книшка или тековна сметка. Тоа, поради рекордно ниските камати, не им донесува никаков профит, но сепак избегнуваат вложување во акции, па дури и оние со ниско ниво на ризик.

„Германците се уште далеку од облици на штедења кои донесуваат долгорочна добивка“, е заклучокот на една неодамнешна студија на концернот Алианз. Поради лесниот пораст на инфлација, класичните штедачи дури и губат пари, наведува Алианз и тврди дека на овој начин германските штедачи минатата година изгубиле помеѓу 35 и 38 милијарди евра.

Од друга страна, ниските камати и понатаму обемно ги користат граѓаните кои сакаат да вложат во недвижнини. Интересот за станбени кредити и понатаму е голем.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра