Германците повторно незадоволни, 13 инвеститори бараат поголема државна помош
Објавено во: Економија 21 Август, 2020 07:00
Во последната анкета, специјална за корона-кризата, што ја објави комората на германските инвеститори во Македонија направена во јули, најмногу проблеми на компаниите им предизвикуваат недоволните субвенции од страна на државата. До ваков заклучок дошле 13 од 18 испрашани германски инвеститори во испитувањето што го спроведе AHK World Business Outlook, а го поддржа Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.
Ниту една компанија од репрезентативните не планира да го зголеми бројот на вработувања оваа година, односно дури 44,4 отсто од нив рекле дека бројот на работници во тие компании ќе се намали, а половина не планираат промени во врска со бројот на вработени.
Инвеститорите, покрај недоволната државна помош, во голем дел се пожалиле и на државниот долг, којшто е во пораст и на политичките услови. Исто така, за 55,6 отсто од компаниите загрижувачко е прашањето во поглед на предизвиците со коишто се соочува здравствениот систем, како и недостатокот на странски инвестиции (50 проценти).
Дури 83,4 од анкетираните германски компании очекуваат намалување на нивниот промет во Македонија. Корона-кризата влијае и на инвестициските планови на компаниите и половина од нив ќе го намалат инвестирањето, а само 11,1 отсто ќе го сголемат во текот на 2020.
Дури 72,2 се оптеретени со откажувањето на
нарачки, но и со намалување на побарувачката на продукти и услуги, ограничувањата за патувањата. Проблем со одржувањето на ликвидноста имале само 44,4 проценти, а исто толку и со одложените, и откажани инвестиции.
Како најприоритетни, дури кај 82,4 проценти од нив им било комората која ги застапува да издејствува поголеми субвенции од државата во која инвестираат. Повеќе од една третина од нив очекува комората преку државата да им издејствува олеснување при ограничувањата за патување, а помал дел сакаат уште подобри промени во царинењето и
при барање на нови добавувачи, бизнис-партнери и клиенти
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




