ГЕРМАНЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ, ДУБАИ ЧОКОЛАДОТО НЕ Е ПОГОДНО ЗА ЧОВЕЧКА ИСХРАНА! Направија анализи, еве што покажаа за хитот во светот
Објавено во: Економија 22 Декември, 2024 09:00
Чоколадото од Обединетите Арапски Емирати, како што покажува анализата, е загадено до тој степен во текот на производствениот процес што е непогодно за човечка исхрана.
Многу штетни состојки се пронајдени во примероците од чоколадото од Дубаи увезено во Германија, соопшти во четвртокот Министерството за потрошувачи на сојузната покраина Баден-Виртемберг.
„Од случаи на измами до опасности по здравјето, речиси сè беше откриено во првите тестови на увезената чоколада од Дубаи“, рече министерот за заштита на потрошувачите во Баден-Виртемберг, Питер Хаук.
Сите осум тестови испитани од провинциската Канцеларија за хемиски и ветеринарни истражувања открија загадувачи, алергени, вештачки бои и масти, освен путерот од какао, единствената маст дозволена во чоколадото.
„Поради малиот број примероци, не можеме да зборуваме за тренд, но наодите се многу загрижувачки и не поттикнаа да спроведеме пообемно тестирање“, рече Хаук.
Тестираните чоколади од Дубаи се производи увезени од Обединетите Арапски Емирати и Турција.
Во некои чоколади е пронајден сусам иако не бил наведен на пакувањето, а кај некои било најдено и палмино масло кое исто така не било пријавено како состојка во чоколадото.
Чоколадото од Обединетите Арапски Емирати, како што покажува анализата, е загадено до тој степен во текот на производствениот процес што е непогодно за човечка исхрана.
Зголемено количество на вештачки бои е пронајдено и кај сите чоколади, кои „предлагаат поголем процент на квалитетни состојки од вистинските“, т.е. креми од ф'стаци.
Чоколадото од Дубаи е голем хит во Германија во последните месеци и е еден од најпопуларните прехранбени производи на божиќните пазари.
Пословни хрМожеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




