15 Декември, 2025
0.1239

Германија бара работници, плата 3000 евра!

Објавено во: Мои пари 18 Август, 2014 18:11

Добивај вести на Viber

Ѕидарската работа сега е повеќе од мешање малтер и редење тули. Ѕидарите во Германија имаат добри шанси на пазарот на труд, а и условите се солидни. И покрај тоа, добри кандидати за образование нема многу.

Девојките на градилиштата се реткост. Од вкупно 4000 градежни работници во Германија во 2012 година околу дваесеттина биле девојки. Но затоа на градилиштата често се слушаат странски јазици.

Пет посто од градежните работници доаѓаат од странство. Веќе неколку години постои размена со странство, да речеме со помош на програмот Erasmus+, преку кој се организираат и финансираат размени на студенти. Германските градежни работници повеќе сакаат во Италија, вели Бертолд Хјуберс за Дојче Веле од Сојузниот институт за стручно образование и објаснува:„Во Италија можат да работат на реставрација на историски градби, кои во Германија ги нема толку“.

Тешко е да се најдат добри ѕидари. Можностите за вработување затоа се многу добри. А и платата не е лоша. „Помошник ѕидар во германската сојузна покраина Долна Саксонија заработуваат околу 17 евра на час, што брутото изнесува околу 3000 евра месечно“, напоменува Лутз Холман, шефот на градилиштата. Тоа е предвидено со тарифни договори.

Ни градежните работници не заработуваат лошо. 25-годишниот ѕидар Марлон Бландовау на втората година од обуката зема 800 евра месечно. Не се жали за неговиот избор на занимање. „Му останувам верен на градежништвото“, вели, земајќи ја ѕидарската лажица и низ смешка додавајќи:„Тука мора да се изгради уште еден прав ѕид.“

Прочитајте повеќе овде!

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија