05 Декември, 2025
0.1333

Германија е ОК

Објавено во: Анализа 20 Мај, 2013 09:08

Добивај вести на Viber

Може да се зборува на долго и широко околу бенефитите на Германија од Европската Унија. Јасно е дека заедничката валута и помогна на германската економија многу полесно да ги пласира своите производи на континетот. Јасно е дека Германија ќе се бори да го одржи во живот европроектот, бидејќи има многу бенефиции од него. Сепак за да ви ги купуваат вашите производи тие треба да да имаат квалитет. Можеби да имаа грците домашни возила и да беа квалитетни ќе ги купуваа, но сепак никој во светот сеуште не успеа да направи такви возила како германците. Земјата која од руина излезе од втората светска војна, денеска е моторот на Унијата и држава во која сите бараат спас. Впрочем, нормално е најодговорниот да понесе најголем дел од товарот.

Сепак и Германците имаат проблеми. Кризата не може да ги надмине нив. Но едно многу интересно истражување покажува дека кога ќе ги прашате Германците како им оди велат дека им оди добро. И додека цела Европа кука како не чини, германците се чини дека одлично се справуваат со кризата. Да погледнеме: Фрапатна е диспропорцијата на располежение помеѓу Германија и неколку други држави во унијата. Спрема Германија јужните држави изгледаат како да се клинични депресивни, па дури и Британците кај кои има драстичен пад на луѓето кои сметаат дека им оди. Од 69% во 2007, на само 15% денеска. Кај Грците мерењето почнало лани и како што гледате само 1% мисли дека економската ситуација е добра. Еве уште еден дополнителен сет на податоци: Овде може да направиме споредба со просекот во Унијата. Скоро секој податок, јасно ја покажува дипропорцијата на располежение. Гермаците се чини дека се сосема задоволни од Меркел и од економијата и згора на се една третина од нив смете дека догодина ќе им биде подобро. Дали е до менталитетот или до реалната ситуација во економијата? Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени