19 Декември, 2025
0.0401

ГЕРМАНИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД РАБОТНИЦИ: Ќе има помал данок за странците

Објавено во: Економија 10 Јули, 2024 20:40

Добивај вести на Viber

Во Германија недостасува квалификувана работна сила и затоа ќе има помал данок за странците. 

Германската влада планира да ги намали даноците за странците кои работат во таа држава во професии каде што нема доволно работна сила. На оваа мерка се противат бројни политичари без разлика на партиската припадност.

„Воведуваме даночен попуст за странска квалификувана работна сила во првите три години од нивната активност во Германија. Ќе има 30, 20 или 10 проценти даночни намалувања за луѓето кои доаѓаат кај нас како квалификувана работна сила“, вели министерот за финансии Кристијан Линднер, шеф на либералната Слободна демократска партија (ФДП).

Покрај плановите за странски квалификувани работници, во буџетот се вклучени и даночни олеснувања за прекувремена работа. Владата дава стимулации за поголема економска динамика, раст и работни места. Според Евростат, во Германија има околу 100.000 луѓе со македонско потекло. 

foto freepik.com/Faraz Ali

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии