18 Мај, 2024
0.0288

Германија има раст на населението, но Германци има се помалку

Објавено во: Свет 26 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Германија лани имала најголем раст на населението од своето обединување поради приливот на мигранти.

Состојбата е таква поради тоа што 1,1 милион мигранти пристигнаа во земјата минатата година, соопшти денеска Федералната статистичка служба, цитирана од светските агенции.

На крајот на 2015 година, Германија имала 82,2 милиони жители или 1,2% повеќе, односно околу 978 000 луѓе плус во однос на претходната 2014 година.

Тоа е највисокиот раст на населението на земјата од 1992 година, кога тој раст беше 700 000 луѓе.

На крајот на 2015 година во Германија живееле 8,7 милиони странци, што е пораст од 14,7 %, и 73,5 милиони Германци, пад од 0,2%.

Без масовното пристигнување на мигранти, од кои повеќето се од Сирија, Ирак и Авганистан, населението на земјата би требало да се намали.

Соочена со стареење на населението и ниска стапка на наталитет, Германија регистрирала лани 188 000 смртни случаи повеќе отколку раѓања.

Тоа значи зголемување на негативниот природен прираст бидејќи во 2014 година смртните случаи биле со 153 000 повеќе од породувања во земјата.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата