18 Декември, 2025
0.3186

Германска фирма ќе ги прави регистарските таблички, тендерот вреди 118 милиони денари

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2021 07:20

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи ја ангажираше германската компанија ЕХА Хофман со потекло од Германија, која сукцесивно во наредните три години ќе треба да ги изработува регистарските таблички за моторните возила.

Според рамковната спогодба, ЕХА Хофман е производител на регистарските таблички, додека посредникот е фирмата „Квантум Дооел“. Според договорот објавен вчера во системот за јавни набавки, тендерот чини 118 милиони денари со вклучен ДДВ.

Една алуминиумска табличка за моторно возило ќе чини 368 денари, а на истата че треба да биде изработена и новата назнача „NMK“ според Преспанскиот договор. Гаранцискиот рок ќе трае 7 години. Според рамковната спогодба, ќе треба да бидат произведени повеќе од 300.000 примероци, од кои 240.000 ќе бидат за класичните моторни возила.

Министерството за внатрешни работи веќе најави дека ќе стартува со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“, што е дел од обврските со Преспанскиот договор со кој се реши спорот за името со Грција. На сината лента на таблицата ќе стои кодот „NMK“.

Со измените на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, издавањето на таблички со новиот код е предвидено да стартува овој месец. Досега налепници со ознака „NMK“ за регистарските таблички на возилата се даваа и при излез или влез во Република Северна Македонија.

Министерот Оливер Спасовски вчера во Собранието потврди дека имало одреден проблем и одреден застој со јавната набавка, која се спроведувала и по забелешки од Бирото за јавни набавки била обезбедена конкурентност. Тој проблем со склучување на договорот, посочи Спасовски, е надминат и во понеделникот се стигнати 14 илјади таблици во магацините на МВР.

– Сметам дека е некоректно да се изнесуваат невистини на говорница дека е склучен договор за јавна набавка од крајна итност од 11 милијарди денари. Точно е дека е склучен договор за јавна набавка од крајна итност, за да го покрие перидот од престанокот на договорот, до склучувањето на новиот договор во висина на вредност од девет и пол милиони денари. Новиот договор за јавна набавка, кој што е во транспарентна отворена постапка е на сто милиони денари, за наредните три години, како рамковна спогодба, без ДДВ, појасни Спасовски.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа