Германските туристи се жалат на високите цени во Турција, има и поприфатливи дестинации за нив
Објавено во: Економија 27 Август, 2025 18:25
За германските туристи Грција и Шпанија станале поевтини од Турција, пишуваат германските медиуми. Како што заклучува Франкфуртер Алгемајне, се зборува и дека некои дестинации во Грција или Шпанија во меѓувреме станале поевтини од Турција.
Од почетокот на годинава 28,4 милиони гости ја посетиле Турција и тоа е за 2,1 процент помалку отколку во истиот период лани. Целта за оваа година, според најавите на турските власти е остварување на 65 милиони гости односно приход од 64 милијарди долари.
Цените во услужниот сектор во Турција од неодамна се зголемија за 50 проценти, - што е најмалото зголемување од средината на 2022 година. Но, и овој раст е значаен за зголемувањето на трошоците во турската туристичка економија.
„Поради ова, десетици илјади Турци ги поминаа своите одмори на грчките острови. Земјата сè уште има висока инфлација од 33,5 проценти, каматните стапки се исто така високи, а вистинското зајакнување на курсот на турската лира ја ослабна конкурентноста на турската извозна индустрија“, пишува германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг
Туризмот е една од најважните економски гранки во Турција, со околу 10 проценти од националниот БДП. Туризмот вработува околу пет проценти од вработените во Турција.
Според Министерството за култура и туризам, 6,97 милиони туристи ја посетиле Турција во текот на јули оваа година. Повеќето од нив биле Германци: 981.000, што е за околу 55.000 помалку од претходната година. По нив следат Русите (954.000), Британците (597.000), Полјаците (329.000) и Холанѓаните (260.000). Ова е за пет проценти помалку отколку во истиот месец во 2024 година.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




