05 Декември, 2025
0.3112

Германско кафуле го доби спорот за патент со Apple

Објавено во: Стил 13 Октомври, 2013 14:14

Добивај вести на Viber

Сопственичката на мало кафуле во Бон успеа да се спротивстави на технолошкиот гигант Apple , нешто што дури и рок легендите Beatles не успеаја , пишува The Guardian . Локалот се нарекува Apfelkind и нуди пријатна атмосфера за родителите кои пијат кафе додека нивните деца играат во посебно катче каде аниматори им раскажуваат приказни. Но не името , ниту предметот на активност предизвика пред две години производителот на електроника да води тужба против сопственичката Кристин Ромер . Јаболко на раздорот во случајот , е логото на локалот , што претставува силуета на детско лице на црвено јаболко . Во моментот кога Ромер поднела документи за патентирање на трговската марка во 2011 година , Apple се поврзале со неа со молба да го повлече барањето . Мотивот на калифорниската компанија e дека амблемот може да предизвика забуна меѓу клиентите. Ромер сепак остана цврсто зад брендот и логото и по двегодишна правна преписка со Apple , минатата недела Американците се предале и ја повлекле тужбата. Германката се решила за битка , кога прочитала една од клаузулите во предложениот до неа договор од Apple. Со него и се забранувало да дава публицитет на кореспонденцијата со калифорнискиот гигант . „Секој ден во кафулето ми доаѓаат луѓе кои ме прашуваат што се случува со Apple ", коментира Ромер пред локалната телевизија WDR . „Ако јас не зборувам за развојот на случајот , би било многу чудно. " Од Apple одбиле да го коментираат случајот за The Guardian .

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: