Германско семејство го заборави синот на патување во Хрватска
Објавено во: Балкан 27 Август, 2023 13:44
Германци го заборавиле синот во Хрватска.
Во Полициската станица „Славонски Брод“ вчера е пријавено дека е оставен малолетник на простор за одмор покрај главниот пат А3 во Славонски Брод, пишува Н1 Загреб. На местото на настанот пристигнале полициски службеници и се увериле дека навистина е така. Дознале дека се работи за 17-годишно момче (германски државјанин).
Автомобилот со германски регистарски таблички го управувал таткото (51 година), а во возилото имало уште двајца членови на семејството (мајка и постариот брат, кои спиеле). Таткото излегол во одморалиштето, потоа се вратил во автомобилот и продолжил да вози на запад, во тој момент не знаел дека и момчето излегло, јавува Н1 Загреб. Момчето го оставило мобилниот во возилото, а телефонските броеви на членовите на семејството не ги знаел на памет. Полицајците за настанот веднаш ги известиле останатите полициски патроли за што поскоро да го пронајдат семејството. Тие момчето го пренеле во полициска станица каде преку социјалните мрежи контактирале со членовите на семејството. Таткото во Лужан сфатил дека момчето го нема, по што семејството се вратило и го земало момчето околу 10.50 часот.
Во 2015 година, француско семејство го заборави своето дете на место во Франција каде правеле пауза за да одморат.Во 2021 година, турско семејство го заборави своето дете на бензинска пумпа во Србија.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




