Ги бришат ли од евиденција невработените кои одбиваат да ја прифатат понудената работа?
Објавено во: Економија 04 Октомври, 2022 07:59
Преку Агенцијата за вработување, невработените во земјава добиваат понуди за работа, но не сите прифаќаат да работат. Тие наведуваат различни причини зошто не им одговара одредено работно место.
Бројките покажуваат дека заклучно со 30 септември годинава, преку центрите за вработување понуда за работа добиле 3.110 лица, од кои 2.433 ја прифатиле понудата, а 538 лица не прифатиле понуда за вработување од оправдани или неоправдани причини. За 139 лица центрите за вработување сè уште не добиле информација од работодавачите кај кои биле упатени дали биле избрани и дали прифатиле понуда за вработување.
„Причини за неприфаќање на понудената работа кои невработените лица најчесто ги наведуваат се: здравствени, условите за работа кај работодавачот, ниска плата, обврски околу чување на дете, одалеченост од домот до работата, дека има аплицирано за друго работно место кај друг работодавач и чека одговор и друго“, велат од Агенцијата за вработување.
Објаснуваат дека лицата не се бришат од евиденцијата на невработени лица веднаш по одбивањето на понудата за вработување.
„Лицето се брише од евиденција на невработени лица во согласност со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, доколку два пати во текот на две години одбие соодветно или погодно вработување или одбие да присуствува или не се јави на интервју за работа на кое е упатено од страна на Агенцијата“, додаваат од Агенцијата за вработување.
Но, многу од невработените претпочитаат сами да бараат работа, и изгубиле надеж дека преку Агенцијата за вработување можат да се вработат.
„Јас не сум во евиденцијата на Агенцијата за вработени. Нудат работа, но тоа е за мали плати. Народот не се нафаќа да работи за минимални плати, туку сам си бара работа“, вели Снежа, граѓанка.
Во јули годинава се регистрирани 117.049 невработени. На веб сајтот на Агенцијата за вработување постојано има објавени огласи за неколку илјади слободни работни места во државата.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата
Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми
ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат
Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД





