Ги дава ли очекуваните резултати проектот „Македонија вработува 2“?
Објавено во: Економија 05 Септември, 2016 14:36
Преку вториот циклус на проектот „Македонија вработува 2“ од почетокот на јули досега се вработени над 910 лица во 740 компании во земјава.
Ова го соопштија денеска надлежните а министерот Спасов истакна дека проектот веќе ги дава очекуваните резултати.
Бројките покажуваат дека најголем е процентот на млади кои се вработиле преку овој проект.
Имено 500 млади лица до 35 години нашле работа, 180 лица се на возраст над 58 години, додека пак 175 кои се вработиле се од 35 до 55 години.
Вработувањата се концентрирани во речиси сите општини во Македонија, а надлежните посочуваат дека и кај компаниите и кај граѓаните интересот за овој проект се зголемува.
Најголем дел од вработените лица се вработени во Скопје, следуваат Тетово, Струмица, Прилеп, Куманово и источниот регион каде во Виница се вработени 180 лица заклучно со проектот „Македонија вработува 1“.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




