Ги игнорирам предрасудите, уживам во слободата: Интервју со Александра Илиева
Објавено во: Стил 19 Април, 2019 08:59
Во нашата земја сè уште е невообочаено и речиси секојдневно се соочувам со прашањата од типот, како воопшто сум се одлучила за саксофонот и дали ги исполнувам „критериумите“ како девојка итн. Но никогаш не ми биле репер околностите и менталитетот, туку најчесто ја следам интуицијата и секогаш го правам тоа што ме исполнува и ме прави среќна
Александра Илиева е уште една во редот девојки кои рушат стереотипи со својата професија. Иако во светот постојат многу познати саксофонистки, оваа 22-годишна девојка е една од ретките во нашава земја која е вистински генијалец за овој инструмент. Таа дипломирала саксофонистика при Факултетот за музичка уметност во Скопје во отсекот за класична музика. - Ако сакаш инструмент кој пее, свири саксофон. Во најдоброто издание звучи како човечки глас- вели еден од најдобрите саксофонисти на сите времиња, Стан Гетз познат како „The Sound“. Чарли Паркер пак ќе рече „ Не свири ти на саксофонот. Дозволи тој да свири на тебе“. Додека Александра Илиева ќе ни ја раскаже својата приказна за овој нејзин најсакан инструмент. * Од каде се роди љубовта кон саксофонот? Како започна таа приказна? - Како член на едно музичко семејство, не беше чудно што се одлучив да го пробам тој инструмент бидејќи татко ми предава часови по саксофон. Ми беше предизвик, а и бев премногу љубопитна за да останам рамнодушна и покрај тоа што клавирот ми беше прв, како и задолжителен инструмент во основно училиште. Првата средба со саксофонот ми беше на 14 години, всушност последната година од завршувањето на моето основно училиште. Пребрзо ме маѓепса и стана дел од мене, така што, предизвикот за продолжување во средно училиште без повеќе годишно познавање на инструментот кое дава повеќе бенефиции и предности уште од основно, го прифатив без никакво размислување! И цел живот сум благодарна за тој избор и поддршката од моето семејство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





