29 Март, 2024
0.0271

Ги има во Македонија! Во кои фирми продуктивноста по вработен надминува 11.000 евра?

Објавено во: Економија 21 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Од најголемите десет фирми – работодавци, најуспешни и најпродуктивни лани биле „Алкалоид“ и „Макпетрол“. Секој од вработените просечно во добивката за лани придонесува со повеќе од 11.000 евра! Очигледно дека за вакви резултати вработените се лојални и солидно мотивирани

Нивото на продуктивност е, според многумина економски теоретичари, најважниот меѓу клучните фактори за успешност на една компанија. Се разбира дека таа компонента зависи од бројни фактори, меѓу кои се дејноста на индустријата, делумно од конјуктурата, од условите за работа, од мотивираноста на вработените и од додадената вредност што ја генерира компанијата во палетата производи или услуги што ги нуди на своите клиенти.

На листата на најголеми работодавци, податоците се од базата на ЦРМ, се четири домашно поседувани компании и шест странски инвестиции – сите се супортери или добавувачи на глобалните автомобилски корпорации.

Меѓу овие десет големи компании според својата продуктивност на трудот се издвојуваат домашните гиганти: најголемата компанија за трговија на мало со нафтени деривати „Макпетрол“ и фармацевтскиот гигант „Алкалоид“.

При ова треба да се напомене дека продуктивноста во оваа споредба е определена како сооднос меѓу бројот на вработени и добивката на друштвото. И при тоа, заради објективност, мора да се потенцира дека кај „Макпетрол“ лани многу големо учество во добивката има од продажбата на акциите во компанијата оператор на гасоводниот национален систем ГА-МА.

Како и да е „Макпетрол“ меѓу најголемите македонски работодавци е компанија со најголема продуктивност како просечно учество на секој еден вработен во вкупната добивка. Кога добивката би се поделила на бројот на вработени износот е 11.925 евра придонес на секој еден вработен во профитот на компанијата.

Слична е состојбата и кај „Алкалоид“ најголемата македонска фармацевтска индустрија. Овде добивката е резултат на оперативното работење т.е. производство и продажба на широк асортиман лекови и производи од козметичка и делумно хемиска индустрија. Секој вработен од вкупно 1.860 лица во добивката на „Алкалоид“ учествува просечно со 11.183 евра.

На листата на 10 работодавачи се уште две домашно поседувани компании кои даваат услуги. НИКОБ е најголема домашна заштитарска компанија која го дисперзира бизнисот. Таа лани вработувала 1.997 лица и остварила добивка од 2,1 милиони евра. Просечно секој вработен во креирањето на добивката учествува со 1.050 евра.

Тука е и најголемиот, според број на вработени, домашен ланец на супермаркети Тинекс. Оваа компанија вработува 1.480 лица и остварила профит од 2,6 милиони евра односно 1.757 евра по вработен.

Еве ја табелата на најголемите десет работодачи според учество на вработен во добивката:

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра