18 Ноември, 2024
0.0357

ГИ НЕМА ПАРИТЕ ОД БИОГАСНАТА ЦЕНТРАЛА, ДОБИВКАТА СЕ ПРЕТВОРИ ВО „МИНУС“ - како ЗК Пелагонија од Битола влезе во загуба од 890 илјади евра

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Ја нема биогасната централа, ги нема ни високите приходи, а добивката се претвори во загуба.

Најголемиот производител на леб во земјава, ЗК Пелагонија од Битола, кој поседува и биогасна централа, Пелагонија Енерџи, но потоа нејзиниот удел во централата беше запленет од изврштел, ги објави финансиските резултати за првите девет месеци од годинава. Тие говорат дека компанијата овој период го заврши со негативен финансиски резултат од 891 илјади евра, додека, пак, во истиот период лани добивката изнесувала одлични 2,6 милиони евра.

Во своето образложение комбинатот не дава некои значајни образложенија, освен наброени посебни билансни ставки, па да видиме што кажува Билансот на успех.

Компанијата има опчеративни приходи многу солидни, односно 15,5 милиони евра, но тоа е намалување за цели 27 проценти во однос на истиот период лани.

Приходите од продажбата биле најголеми и изнесувале 12,9 милиони евра, што е пад за 28 отсто, а од нив најмногу или 12 милиони евра се приходи од продажба на домашниот пазар, што е уште поголем пад, за 31 отсто.

Додека, пак, приходи од продажба на странскиот пазар се многу малку, само 850 илјади евра, но барем тоа е единствената ставка што има добар раст, за 79 отсто.

Останатите оперативни приходи биле 2,2 милиони евра, и тука има значајно намалување за 25 проценти.

А, оперативните расходи дошле на повисоко ниво од оперативните приходи, и тоа ја прави всушност самата оперативна загубана компанијата.

Ова говори дека не е само фактот што ја нема дивидендатата од биогасната централа причина што се влезе во зоната на минусот, туку се влошило и самото редовно работење на компанијата.

Всушност, оперативните расходи на ЗК Пелагонија од Битола се на ниво од 16,4 милиониа евра, и кај нив има пад за 10 отсто, но тие се намалени многу помалку во однос на приходите.

Највисока ставка се трошоците за суровини и други материјали, 0дносно 7,33 милиони евбра, што е само благо намалување за два отсто.

Услугите со карактер на материјалните трошоци се 2,1 милиони евра.

Додека, пак, дека работите не одат баш сјајно, говори и фактот што се намалени и трошоците за вработените, и тие се 2,85 милиони евра, што е за 10 отсто помалку во однос на истиот период лани, а во овој контекст дали се намалени платите или бројот на вработените не е познато.

Сето ова прави оперативната загуба на компанијата да биде 524 илјади евра, што е разочарувачки ако се има предвид дека во истипот период лани комбинатот остварил оперативна загуба од 1,5 милиони евра.

И сега доаѓаме до финансиските приходи, односно приходите од вложувања, за кои всушност се смета дека беа парите што ги донесе поседувањето на биогасната централа. Имено тие, во првите девет месеци од годинава биле само нешто повеќе од 500 евра, додека во истиот тајминг лани изнесувале 1,64 милиони евра.

А, финансиските расходи се значајни 370 илјади евра, иако и кај нив има намалување.

Или, после сите пресметки, компанијата е во загуба од 890 илјади евра за првите девет месеци од годинава, а лани во истиот период имала чист профит од 2,6 милиони евра.

А, како што веќе пишуваше Фактор во октомври годинава, извршител од Битола го заплени уделот од 100 отсто на земјоделскиот комбинат АД „Пелагонија“ во биогасната централа Пелагонија Енерџи од Логоварди. Како причина беше наведен фактот што ЗК Пелагонија не подмирил долг од околу 350.000 евра. 

Ова е втор пат да биде целосно запленет уделот на ЗК Пелагонија во биогасната централа.

Инаку институтот заплена на удел значи забрана за негово идно располагање, но не значи и промена односно одземање на неговата сопственост ниту значи промена на неговата вредност.

Гасната централа на ЗК „Пелагонија“ има производен капацитет од 6 мегавати и е постројка што не ја загадува животната средина туку напротив обезбедува чиста животна средина. Како гориво за производство на струја го користи метанот кој низ природен процес се добива од шталскиот органски отпад од говедарските фарми на земјоделскиот комбинат.

„Пелагонија Енерџи“ генерира значајни извори на средства за својата фирма мајка ЗК „Пелагонија“ која е единствен сопственик на удели во компанијата. 

Фактор во март годинава објави дека ЗК „Пелагонија“ од Битола од својата фирма за производство на струја од метан успеа да наплати 8 милиони евра дивиденда. Тоа што во билансот на успех е книжено во ставката финансиски приходи од удел во добивка на придружени компанија всушност е акумулирана оданочена добивка на нејзината фирма ќерка Пелагонија Енерџи ДООЕЛ Битола која е еден од двата повластени производители на електрична енергија од биогас односно метан од шталското ѓубре од краварските фарми на ЗК „Пелагонија“.

Од своето редовно работење ЗК „Пелагонја“ лани оствари добивка од 159.000 евра.Заедно со дивидендата од „Пелагонија Енерџи“ добивката на битолскиот земјоделски комбинат изнесуваше 8,2 милиони евра.

Пишувавме и дека комбинатот во минатата година ги намалил обврските за 14 милиони евра, но на крајот на 2023 година тие изнесувале 20 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГЛОБАЛНА АКЦИЈА: Оданочување на 3.000 милијардери?

ГЛОБАЛНА АКЦИЈА: Оданочување на 3.000 милијардери?

ПОЧНУВА СРЕДБАТА НА НАЈБОГАТИТЕ: Зошто е важен самитот на Г20 и зошто има забележливи несогласувања уште на самиот почеток

ПОЧНУВА СРЕДБАТА НА НАЈБОГАТИТЕ: Зошто е важен самитот на Г20 и зошто има забележливи несогласувања уште на самиот почеток

АМАЗОН ЛАНСИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈА НА ТЕМУ - ќе ги ограничат цените на производите

АМАЗОН ЛАНСИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈА НА ТЕМУ - ќе ги ограничат цените на производите

ИЛЈАДА ЛУЃЕ ДОБИЈА НЕПРИЈАТНА ВЕСТ ПРЕКУ СМС: Им стигна порака од Џенерал Моторс

ИЛЈАДА ЛУЃЕ ДОБИЈА НЕПРИЈАТНА ВЕСТ ПРЕКУ СМС: Им стигна порака од Џенерал Моторс

ИЗВОЗОТ НА САД Е ВАЖЕН ЗА ЕВРОПА: Кои земји се најзависни?

ИЗВОЗОТ НА САД Е ВАЖЕН ЗА ЕВРОПА: Кои земји се најзависни?

Кој чува милијарда евра во македонски државни обврзници?

Кој чува милијарда евра во македонски државни обврзници?

ЕВЕ КАКО ПРОПАДНА ЛЕГЕНДАРНОТО „БОРОВО“: Продаваа и во Македонија, имаа вистинско „гратче“ со 22.000 работници

ЕВЕ КАКО ПРОПАДНА ЛЕГЕНДАРНОТО „БОРОВО“: Продаваа и во Македонија, имаа вистинско „гратче“ со 22.000 работници

БЕРЗАТА СЕ „ОТРЕЗНУВА“ ОД ТРАМП: Шесте најголеми компании изгубија 458 милијарди долари за еден ден

БЕРЗАТА СЕ „ОТРЕЗНУВА“ ОД ТРАМП: Шесте најголеми компании изгубија 458 милијарди долари за еден ден

ГЕРМАНИЈА ИМА ОГРОМЕН НЕДОСТИГ ОД ВОЗАЧИ НА КАМИОНИ: Работодавците очајно ги бараат

ГЕРМАНИЈА ИМА ОГРОМЕН НЕДОСТИГ ОД ВОЗАЧИ НА КАМИОНИ: Работодавците очајно ги бараат