06 Декември, 2025
0.0436

„GIGIS“ – Нов најскап коктел на светот

Објавено во: Стил 27 Октомври, 2014 15:33

Добивај вести на Viber

Се сеќавате ли на оној дијамант и Hennessy VSOP коктелот кој се служи во московскиот ресторан Река, кој имал цена од 50 000 долари?

Познавачите и уживателите во коктелите не го признаваат како дел од историјата на коктелите. Неговиот главен дел го сочинуваат нејадливи дијаманти, кои се единствената причина за високата цена. До пред неколку денови, официјален најскап коктел на светот бешe Melbourne’s Winston, кој имаше цена од 12 330 долари. Новоотворениот Gigi’s ресторан во Лондон сега ја претставува својата верзија на најскап коктел, со кој го одбележаа свеченото отворање на ресторанот, кој го носи името  Gigi’s и кој чини 14 500 долари.

Отварањето на овој ресторан го одбележила и забава, а овој префинет коктел бил посветен на една славна гостинка, пеачката Грејс Џоунс. Состојките на овој коктел го претставуваат најдобрите имиња од индустријата на пијалоците. Тука е Кристал шампањот од 1990 и 1888 Samalens VIeille Relique Vintage Bas Armagnac.

Во овој коктел се наоѓа и Angosutra ликерот или шеќер. Отакако сите пијалоци се помешаат, коктелот се декорира златни листови кои се јадат. Како што вели менаџерот на овој ресторан, Цезар Папанја, овој скапоцен коктел има вкус на течно злато.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: