Добивај вести на Viber
До година почнува да се гради новиот Клиничкиот центар во Скопје. Покрај ова, се најавуваат уште четири нови болници и тоа ПЕТ-центарот и болницата во Козле, но и новите болници во Штип и Кичево.Во првиот квартал на 2014 година ќе се урне постојната Гинекологија, за да почне изградбата на Клиничкиот центар. Новиот здравствен објект , според најавите ќе се гради по најсовремени стандарди и на површина од 50.000 квадратни метри. Притоа во него ќе се сместат поголем дел од постоечките клиники, без Стоматологија, Детската и Инфективната клиника.
„Во моментов проектот се привршува и во декември очекуваме тендер за градба, а избраната компанија се надевам дека ќе почне да го гради новиот Клинички центар меѓу февруари и април. Финансиската конструкција е заокружена“, информираше премиерот Никола Груевски. Тоја појасни и дека Детската болница во Козле, која е во изградба ќе биде пуштена догодина , а веќе почна и изградба на ПЕТ центарот (Центар за позитронска емисиона томографија).
Премиерот додаде и дека тече проектот за реконструкција на сегашните објекти, како и дека досега немало вакви инвестиции во здравството.