05 Декември, 2025
0.0368

Гитара на Џон Ленон и Џорџ Харисон продадена на аукција за 408.000 долари

Објавено во: Стил 19 Мај, 2013 13:00

Добивај вести на Viber

Електричната гитара, изработена по порачка, на која  свиреле Џон Ленон и Џорџ Харисон од легендарната група „Битлси“, е продадена на аукција во Њујорк за 408.000 долари, соопштија организаторите од компанијата „Џулианс“ во Беверли Хилс, пренесоа агенциите.

Гитарата со првична пазарна цена од 200.000 долари беше продадена на непознат купувач.

Харисон го користел инструментот додека ја свирел песната „I Am the Walrus“, а Ленон на снимањето на „Hellow, Goodby“. И двете нумери се од албумот на Битлси од 1967 година „Magical Mystery Tour“.

Гитарата, што во последните недели беше изложена во музеј во Ирска, била продадена од „Кристис“ пред неколку години за малку над 100.000 долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: