Ѓоковиќ ќе може да игра во Мелбурн: Властите во Австралија ја укинаа забраната
Објавено во: Спорт 15 Ноември, 2022 09:00
Да потсетиме, тој доби
три години суспензија откако беше депортиран од минатогодишниот Австралија опен
Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на Австралија опен, бидејќи австралиските власти ја укинале неговата тригодишна забрана, пишува The Age.
Ѓоковиќ на тој начин ќе може да се бори за десеттата титула во кариерата во Мелбурн, неговиот омилен Грен слем. Да потсетиме, тој доби три години суспензија откако беше депортиран од минатогодишниот Австралија опен.
BREAKING | Novak Djokovic allowed to play January's Australian Open after visa ban overturned https://t.co/gQ6W8qN0x3
— The Age Sport (@theagesport) November 15, 2022
Српскиот тенисер не бил вакциниран, по што бил спречен да ја одбрани титулата во Мелбурн, а потоа бил измачуван пред да се врати во Србија.
По доаѓањето на новата влада во Австралија, забраната на Ѓоковиќ е укината.
Фото: Youtube
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





