Ѓорѓе Војновиќ останува Главен извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје
Објавено во: Економија 22 Август, 2019 10:13
Ѓорѓе Војновиќ продолжува да ја врши функцијата Главен извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје.
Ова станува јасно од информацијата објавена на Македонска берза.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Собранието на акционери на Триглав Осигурување АД, Скопје на 51-та седница, одржана на 29.05.2019 година, го реизбра г-дин Ѓорѓе Војновиќ за член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје со мандат од 4 години. Одборот на директори на Друштвото на 158-та седница на Одборот на директори, одржана на 11.07.2019 година, го назначи г-дин Ѓорѓе Војновиќ за извршен член на Одборот на директори –Главен извршен директор, со тоа што Oдлуката влегува во сила на денот на донесувањето, а ќе се применува од денот на добивање на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување. На ден 07.08.2019 година Агенцијата за супервизија на осигурување донесе Решение број УП 19-2-654, со кое се издава согласност за г-дин Ѓорѓе Војновиќ за вршење на функцијата член на орган на управување во друштво за осигурување. Одборот на директори на Друштвото на својата 159-та седница, одржана на 14.08.2019 година, даде согласност за склучување на
Договор за работа на извршниот член на Одборот на директори.
Согласно горенаведеното, г-дин Ѓорѓе Војновиќ продолжува да ја врши функцијата Главен извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје“, стои во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




