28 Март, 2024
0.0266

Ѓорѓиев: Поголема заштита на работниците со новиот закон за мобинг

Објавено во: Економија 09 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Зголемување на правата на работниците и подобрување на позицијата за работа ќе се овозможи со предложениот закон за заштита од вознемирување на работно место (мобинг), што на барање на синдикатите, Владата го донесе на последната седница.

Со законот, како што информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, се дефинираат правата и обврските на работодавачите и вработените за заштита од вознемирување на работното место.

- Законот врши прецизна дефиниција на актите што се сметаат за моменти на вознемирување при вршење на работните задачи, на работното дејство и пред се дефинира дека тоа се акти кои имаат за цел да нанесат психичко или полово вознемирување на луѓето што работат во една организација, истакна Ѓорѓиев.

Во Законот, додаде тој, јасно се дефинирани психичкото и половото вознемирување.

- За психичко вознемирување се смета секое дејство на поединец или група кое се повторува неколку пати, а има за цел или задача да изврши штета на интегритетот, достоинството, угледот и честа на поединецот да предизвика чувства на страв, непријатност или да предизвика оштетување на менталното или физичкото здравје на поединецот да ја компромитира неговата професионална иднина и на крај да го натера поединецот да ја напушти работната организација. Под полово вознемирување се смета секое вербално или невербално или физичко однесување од полов карактер кое има за цел да наштети на честа и угледот на поединецот и да предизвика чувство на страв, непријатност и пониженост, појасни портпаролот на Владата.

Законот ќе се однесува и на работодавачите и на вработените, односно ја опфаќа целокупната кадрова сила која работи во рамки на една работна организација, а притоа во делот на вработените се дава јасна заштита и за кандидатите за вработување во рамките на една работна организација.

- Дефинирани се и повеќе општи правила што се однесуваат и на работодавачите и на вработените во кои се претпочита дека еден работодавач е должен да обезбеди здрава и пријатна средина за извршување на работните задачи од страна на своите вработени, но и да ги едуцира вработените во насока да се создаде колективна свест за заедничка припадност и заштита на интересите на организацијата во која тие работат, информира Ѓорѓиев.

- За вознемирување не се сметаат актите и останатите документи, правила и насоки што ги носи законодавецот во врска со извршување на работните задачи врз основа на закон, не се сметаат разликите во мислењата, толкувањата, различната аргументација во однос на одредени прашања што постојат врз основа на слободно мислечката активност на луѓето што работат и не се сметаат активностите на друг вид дискриминација што се бранат со други закони независни од овој, рече Ѓорѓиев.

Доколку едно лице смета дека е вознемирувано во вршење на работните задачи од страна на друго лице кое работи во истата организација без разлика дали е негов колега или работодавач прво треба писмено да го извести лицето за кое смета дека му врши психичко или полово вознемирување, дека дејствијата што ги презема се неприфатливи, несакани и дека доколку продолжат ќе треба да се соочи со постапка која е дефинирана во законот. По писменото предупредување, ако не дојде до корекција во однесувањето на лицето за кое се смета дека врши вознемирување, тогаш вознемируваното лице има на располагање две постапки. Прво, во рамки на самата организација, со интерна постапка да се обрати до работодавачот, да истакне дека е вознемируван од страна на колега и врз основа на тоа работодавачот е должен да поведе постапка за утврдување дали постои вознемирување на работното место. Во случај доколку вознемирувањето го врши работодавачот, на вознемируваното лице му  се остава правото своите права и интереси да ги брани директно пред суд.

Во првата претпоставена ситуација доколку вработениот е вознемируван од свој колега, работодавачот е должен во рок од осум дена да отвори постапка, интерна во рамки на работната организација и задолжително да назначи посредник од редот на вработените кој ќе има улога на медијатор, односно ќе ја води постапката и ќе се обиде да ги смири страните кај кои што постои определено недоразбирање. Работодавачот е должен да има листа на посредници кои ќе посредуваат во вакви ситуации, а доколку во една работна организација има над 50 вработени тогаш работодавачот законски е должен листата јавно да ја објави пред својата организација за да можат вработените да бираат посредник, кој ќе посредува во нивните односи. Постапката, појасни Ѓорѓиев, ќе трае 15 дена и во овој рок таа е тајна, се изнесуваат докази, факти и се повикуваат сведоци кои присуствувале на дејствата што се ценат за вознемирување и може да заврши успешно или неуспешно.

- Доколку е неуспешно, посредникот треба да го извести работодавачот дека страните се спогодиле во иднина да не се јавуваат несакани ситуации и се применуваат одредени препораки кои ги дава посредникот, а работодавачот треба да ги исполни односно да овозможи заштита на вознемируваното лице и дисциплинирање на лицето што вознемирува. Тие препораки можат да бидат во вид на дисциплински санкции кои работодавачот ќе ги изнесе кон лицето што вознемирува, посочи Ѓорѓиев.

Ако по изречувањето на дисциплинските постапки во рок од шест месеци лицето повторно прави дејствија што се ценат за вознемирување на работно место на свој колега тогаш работодавачот има право да му даде отказ на лицето што вознемирува. Ако посредувањето заврши неуспешно во рок од 15 дена по завршување на постапката лицето што смета дека во интерната постапка не биле правилно разгледани неговите докази и аргументи има право да поднесе тужба пред надлежниот суд.

- За доследна примена на законот предвидени се глоби од пет до шест илјади евра  за работодавачот доколку не преземе мерки да се спречи вознемирување на работно место, не ги исполни препораките од посредникот кој констатирал вознемирување на вработен, претходно не ги извести вработените за нивните задачи, права и обврски... Дополнително три до четири илјади евра глоба е предвидена за директорот, а доколку работодавачот претставува физичко лице санкциите за него се од илјада до две илјади евра, рече владиниот портпарол Ѓорѓиев

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон