ЃОРЃИЕВСКИ ЌЕ ГИ ЧЕШЛА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Ќе брка од работа и ќе проверува што се работело
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2025 11:00
Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави ревизија на работењето на сите скопски јавни претпријатија.
Првично рече дека ќе расчисти со сите што земале плата а не доаѓале на работа. Нагласи дека бројката на тие луѓе е 398 лица.
„Имало и работници и раководители. Убеден сум дека ќе дојдеме до бројка од 500 луѓе. Таква бројка да земале плата – тоа се најмалку 5 милиони евра од граѓаните годишно. За четири години тоа се 20 милиони евра. Во превод – тоа е Луна паркот што треба да го направиме, а го чекаат скопјани,“ изјави Ѓорѓиевски.
Градоначалникот најави дека ќе бара одговорност од сите лица кои потпишувале документи и одобрувале вакви вработувања, истакнувајќи дека сите имиња ќе бидат јавно објавени.
„Сите што земале плата, а не се појавувале на работа, ќе бидат јавно обелоденети. Такви случаи има не само во ‘Комунална хигиена’, туку и во ‘Паркови и зеленило’, како и во други јавни претпријатија, но не во толку голема бројка,“ рече градоначалникот.
Ѓорѓиевски потенцираше дека бркањата од работа се законски и дека нема да има толеранција за злоупотреби на јавни ресурси.
Дополнително, тој укажа и на хаосот во другите јавни претпријатија: „Додека половина Скопје нема вода за пиење, во ‘Водовод и канализација’ има четири магацини полни со материјали. Некој тоа свесно и намерно го правел,“ рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека следува целосна ревизија на работењето на сите градски претпријатија.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




