18 Декември, 2025
0.1705

ЃУРИЌ: Србите масовно се селат од Косово

Објавено во: Балкан 01 Октомври, 2024 19:27

Добивај вести на Viber

Србите од Косово масовно се селат поради политиките на Приштина. Ова го тврдат српските власти. 

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ денеска на маргините на министерскиот состанок на Берлинскиот процес се сретна со министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок со која меѓу другото разговараше и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, објавија косовските медиуми.

Ѓуриќ посочил дека Белград е посветен на дијалогот, но дека Приштина од самиот почеток покажала крајна неконструктивност и неподготвеност да ги спроведе договорите, особено оние поврзани со формирањето на Сојузот на српски општини

Вели дека Приштина посегнува по еднострани мерки со цел суштински да ја промени ситуацијата на терен и со кршење на човековите, политичките и економските права на Србите да ја поттикне нивната масовна емиграција од Косово.
Во северно Косово често има инциденти, а Србите се мета на напади. Со текот на годините, бројот на српско население на Косово се намали, а со тоа Србите изгубија и дел од општините на северот. 

Фото: Kosovo Online

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии