Гладен за луксуз: Еве на што троши пари севернокорејскиот лидер!
Објавено во: Стил 20 Февруари, 2014 21:00
Неговиот татко Ким Јонг Ил годишно трошел 333 милиони долари, додека Ким Јонг Ун во првата година по неговото доаѓање на власт потрошил 716 милиони долари.
Истрагата на комисијата на Обединетите нации, која траеше цела година, покажала дека Ким Јонг Ун за една година во земјата увезол десетици луксузни автомобили и десетици пијано-инструменти. Освен ова тој си изградил и личен театар со 1.000 седишта, наменет за неговите пријатели.
Според податоците, севернокорејскиот лидер за да си го дозволи луксузот ги троши парите стекнати со продажбата на слонова коска и продажбата на алкохол за исламските земји.
И додека лидерот се луксузира, податоците на Обединетите нации покажуваат дека Северна Кореја останува една од 34 земји во светот на кои се уште им е потребна надворешна помош за да се прехранат. Агенцијата за храна и земјоделство на ОН проценува дека 2,8 милиони луѓе во оваа земја се соочуваат со секојдневна борба со неисхранетост и недостаток на витални протеини и масти во храната.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





