Гладните луѓе донесуваат подобри животни одлуки
Објавено во: Стил 06 Ноември, 2014 16:57
Истражувањата сугерираат дека луѓето на празен стомак донесуваат подобри животни, долгорочни одлуки. Дали се согласувате?
Немојте да одите во продавница со празен стомак, бидејќи така ќе спречите купување на многубројни намирници, како и тажно гледање на крофничките во пекарата од другата страна на улицата.
Но кога одите да купувате куќа, прескокнете го ручекот. Тргнавте во купување наа веренички прстен? Тргнете со празен стомак. Размислувате да дадет отказ? Слатките, мали мафини на паузата нема да ви помогнат.
Истражувањето наречено : „Секогаш коцкајте се на празен стомак: Гладта се поврзува со донесување на најдобри одлуки“, кое е објавено оваа недела во Плус оне, открива дека донсуваме подобри долгорочни одлуки ако сме гладни.
Во три одвоени студии, испитаниците се изгладнувале во текот на ноќта, а потоа по случаен избор одредувале кои испитаници ќе доручкуваат или пак, кои ќе го прескокнат оброкот. И двете групи потоа направиле ист тест, чија цел била испитување и мерење на превземањето ризик и донесување на краткорочни или долгорочни одлуки.
Групата која го правела тестот на празен стомак, превзела помал ризик, а верувале или не, забележано е дека се донесени подобр долгорочни одлуки.
Авторите на истражувањето веруваат дека ова се прилично изненадувачки податоци поврзани со нашето огромно потпирање на емоциите кога сме гладни.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





