03 Мај, 2024
0.0261

Главниот извршен директор на Халкбанк: Кризата во Турција нема да има отсјај во Македонија

Објавено во: Економија 06 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Турската криза нема да се прелее во Македонија. Ова го тврди во интервју за „Фактор“ главниот извршен директор на Халк банка, д-р Билал Суџубаши. 

Суџубаши посочува дека кризата во неговата земја нема да има влијание врз работењето на банката овде, ниту, пак, има друг канал преку кој оваа криза може да се прелее во Македонија. 

-Во Македонија има странски турски инвестиции, а од друга страна сите тие, за среќа, се едни од најдобрите компании во својот домен во Турција. Овие компании инвестираат директно и работат според македонски прописи и регулативи. Не ми се верува дека овие компании, кои се извозно ориентирани, ќе имаат какви било проблеми. Ако зборуваме за Халкбанк, освен тоа што е во целосна сопственост на турска компанија,  сите операции се во рамките на регулативата на Македонија. Немаме друга поврзаност, освен таа што ни се сопственици. Во вкупното кредитно и депозитно портфолио, учеството на турските компании е многу мало. Во таа насока, нема теорија да постои никаков ефект во работењето на банката, на нашата институција, а довербата во оваа економија и пазарот ја докажавме со тоа што целокупната добивка во изминатите години ја искористивме за докапитализација на банката, наместо споделување со главниот акционер – Халкбанк Турција. Сега, со дополнителните 10 милиони евра што ги уплативме повторно ја докажавме нашата стратегија и успешната работа.“-вели Суџубаши.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор