ГЛАВНИОТ ОБВИНЕТ ЗА ПАЛЕЊЕТО НА БУГАРСКОТО ЗНАМЕ ЌЕ ПЛАТИ 7.000 ЕВРА, другите двајца казнети со по 5.000
Објавено во: Македонија 16 Март, 2021
Првообвинетиот за палењето на бугарското знаме во Вевчани на карневалот ќе плати парична казна од 7.000 евра, додека останатите двајца обвинети за овој случај ќе останат покуси за по 5.000 евра.
Ова денеска го соопшти Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство Струга, по спроведена претходна постапка, поднесе Предлог за издавање казнен налог за три лица за кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик.
„Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за исмејување јавно го изложиле на подбив знамето на Република Бугарија. Еден од нив го запалил знамето, а останатите двајца го кревале и замавнувале со запаленото и подгореното знаме.
Јавниот обвинител на Основниот суд во Струга му предложи на првообвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 70 евра во денарска противвредност, додека за останатите двајца обвинети се предложени парични казни од по 100 дневни глоби од по 50 евра во денарска противвредност“, се вели во соопштението од Обвинителството.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.