Глеј си ѓубрето под чергата
Објавено во: Стил 01 Јули, 2019 14:21
Најопасни се луѓето-душегрижници. Под превезот на сомилост и емпатија блујат отров за кој воопшто не водат сметка како ќе биде доживеан (па и преживеан) од оние за кого е наменет. Народ сме кој обожува да се бави со туѓите животи. И како и секогаш, ќе почнам од себе. Сум била жена со сомнителен морал, па фригидна, па светица, за приказните околу мојот развод нема поента да зборувам, па после е на ред мојата сексуална ориентација и низа други муабети. А што е најинтересно, сите тие муабети потекнуваат од луѓе кои никогаш не сум ги познавала, со кои не сум врзала ниту 2 реда муабет. Ако поддржуваш право на избор за одбирање партнер во животот (од ист пол) автоматски си геј! Ако не си религиозен, автоматски си раскалашена личност која не бира начини и средства да дојде до својата цел. Ако си самохрана мајка, одма одиш во колоната „ороспија“, а ако си ја почитуваш и сакаш сопругата тогаш си папучар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





