17 Мај, 2024
0.0287

“Глуп Старбакс” – уметничка инсталација или маркетиншки трик

Објавено во: Стил 12 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Во Лос Анџелес е отворена кафитерија“Глуп Старбакс" (Dumb Starbucks). Сеуште не се знае дали станува збор за уметничка инсталација или маркетиншки трик. “Глуп Старбакс"има потполно исто лого како и "Starbaks", а дури и имињата на пијалоците во менијата се идентични, освен што покрај нив стои придавката “глупи“, па така има Глупо карамел макијато, Глупо Фрапучино итн. На касата како и во вистинските "Старбакс" кафетерии, се изложени цедиња со музички компилации, како "Dumb Jazz Standards"и "Dumb Nora Jones Duets", со тоа што името на познатата пејачка во овој случај е погрешно напишано. Меѓутоа како што јавуваат медиумите во Лос Аџелес, купувачите кои чекале ред во оваа кафетерија можеле само да си нарачаат ладно кафе, лате или пецива кои од кафетеријата ги добиле за џабе. Продавница, уметничка инсталација или филмска сценографија-што и да е “Глупиот Старбакс"  е отворен во петокот, а на самиот објект е истакнато објаснување дека логото и името на најпознатиот светски ланец на кафитерии може да го користат сосема легално, според “законот за продажба“. “Од вистински причини Dumb Starbucks е регистриран како дело на уметнича пародија. Така што во очите на законот нашата кафитерија, всушност е уметничка галерија, а кафето кое го купувате се смета за “уметност“, се наведува во објаснувањето. Реагирајки на појавата “глуп“ од компанијата "Старбакс", соопштила дека е очигледно дека не се работи за "Старбакс" кафетерија, како и дека целиот случај ќе биде испитан. На друштвените мрежи пак се појавила теорија  дека позади “Dumb Starbucks“, стои познатиот уличен уметник Бенкси. Сопственикот на локалот пак тврди дека неодамна во близина забележал филмски екипи. K.K.