„ГО ЧЕКАМ ВУЧИЌ ПРЕД СОБРАНИЕТО“: Мајката што трајкува со глад во Србија, му се обрати на српскиот претседател
Објавено во: Балкан 09 Ноември, 2025 12:59
Дијана Хрка, мајката на Стефан, кој почина при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад, го продолжи штрајкот со глад што го започна на 2 ноември денес и му рече на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја покани на разговор, дека „го очекува пред српското Собрание“.
Коментирајќи ја изјавата на Вучиќ за Радио и телевизија на Србија дека е подготвен да разговара со неа и дека неговата совест е чиста, Хрка рече дека „не ја поканил директно, туку преку медиумите“ и нагласи дека не размислувала за тоа кој бил мотивот на претседателот да ја покани на разговор по една година.
- Нека размисли, тој е претседател, тој се меша во сè. Ако господинот претседател е подготвен да разговара и ако мисли дека сака да разговара, ќе дојде тука да разговара пред сите луѓе, пред сите медиуми. Ако се плаши дека ќе му скандираат, тоа е негов проблем, а не мој - рече, меѓу другото, Хрка.
За потсетување, Александар Вучиќ објави видео на својот Инстаграм профил во среда вечерта на кое Дијана Хрка скандира навреди кон него со толпата. Видеото можете да го погледнете тука. Вучиќ во таа пригода рече дека е „подготвен да чуе такви елитистички и возвишени пораки бидејќи секој разговор е благороден“.
Дијана Хрка го започна штрајкот со глад денот по годишнината од трагедијата во која беше убиен нејзиниот син и денот по комеморативниот собир во Нови Сад.
Едно од барањата на Дијана Хрка е распишување предвремени парламентарни избори.
Блиц.рс* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!
(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите





