Добивај вести на Viber
Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет Битола со посебена анализа на извозот од земјава и на инфорамциите кои деновиве помпезно ги претставија владините претставници.
Тој направи спроедба на годишно ниво, со кое според него не само што не е зголемен извозот од земјава, туку на годишно ниво дури има и намалување.
- Како што неколкупати претходно констатиравме, секоја спектакуларна вест што доаѓа од Владата треба да се третира како шпекулативна, манипулативна, па и лажна вест.
Податокот од ДЗС за извозот во мај 2025 година е точен (745,289 милиони евра), но фалбата дека извозот бил поголем за 23,44 отсто во однос на истиот месец лани не значи практично ништо, како што ќе видиме подолу. Освен тоа, го кријат и податокот за 12-месечното НАМАЛУВАЊЕ на извозот од 1,6 отсто - пишува Трајковски во својот пост на Фејсбук.
Тој укажува дека на годишно ниво извозот е помал, споредено со годината претходно.
- За последниве 12 месеци (6/2024-5/2025) вкупниот извоз (7883,550 милиони евра) е ПОМАЛ од вкупниот извоз (8011,974 милиони евра) во претходниот 12-месечен период (6/2023-5/2024) за 1,6 отсто. Зошто и со овој збир, што е многу поважен и укажува на благ надолен тренд, не се пофалија од владата, туку ги земаат изолирано само двата месеци 5/2025 и 5/2024?Штом сакаат да се споредуваат, откако оваа Влада стапила на должност извозот е намален за 1,6 проценти во споредба со владеењето на претходната влада. Очигледно барале начин да го скријат намалувањето на извозот со помош на манипулирање и криење. Ова е многу нечесна игра од страна на власта, што ги доведува граѓаните во заблуда! - потенцира професорот.
Потоа укажува и на извозот од последните пет години.
- Месечните извози во последните 5 години, последната вредност за извозот (за мај 2025 година воопшто не отскокнува од изминатите 53 месеци. Истиот дијаграм покажува и дека во последните 12 месеци месечниот извоз дури и стагнирал, па и благо се намалувал (како што видовме претходно), па последниот податок е само обична случајна варијација, во рамките на очекуваното.
Хистограмот на втората слика, што ја покажува дека последниот податок не е дури ни во највисокиот децил, па иако е малку над просекот, сепак не е нешто извонредно или спектакуларно. Извозот во мај 2025 година бил шести најдобар од јануари 2021 година (и никој не се фалел), односно повторно ништо спектакуларно. Дијаграмот за рангот е даден во коментарите.
За да можеме да тврдиме дека извозот значително пораснал, потребмо е да видиме јасен тренд во текот на повеќе месеци, па и години, што тука не е случај.
Во услови на големо расејување на податоците од месец до месец (голема стандарна девијација), тврдењето дека „извозот пораснал за 23,44% во однос на ланскиот мај“ не значи баш ништо, освен што може да послужи за замајување на недоволно информираните граѓани за некакви наводни успеси - заклучува Трајковски.
Еве ја неговата цела објава: