Го нарече биткоинот измама па тргуваше со него
Објавено во: Економија 22 Септември, 2017
Контроверзниот банкар Џејми Дајмон, генералниот извршен директор на JP Morgan, откако биткоинот го нарече измама која само што не имплодирала на берзите оставајќи тешки финансиски последици, го „поплука“ кажаното и самиот инвестираше во најпопуларната криптовалута.
Дајмон посочи дека ако фати некој од своите вработени како тргува со криптовалути ќе го отпушти за глупавата постапка. Сепак, откриено е дека JP Morgan има извршено најголем број на трансакции на XBT белешки кои ги следат информациите за тргување со криптовалути за своите клиенти.
Од JP Morgan побрзаа да се оправдаат дека тргувањата не се нивни, туку дека станува збор за директни трансакции на нивните клиенти кои купуваат финансиски производи од трети страни на директен начин.
Доказите дека JP Morgan посредува со тргување на XBT белешки се наоѓаат во записите на системот на Nordnet каде се вршат сите трансакции, а во овој сегменет од сите најголеми банки токму JP Morgan е на првото место.
Да постсетиме дека финансиската криза како и кризата на недвижности во САД која потоа прерасна во глобална економска криза беше дело токму на банкари како Џејми Дајмон кои вршеа опасни трансакции со минимален надзор од страна на властите.