Го почести вино, ама Заев за Вучиќ имаше и специјален подарок
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2021
Ги прими вакцините, па отидоа во „Камник“ на вино, а потоа премиерот Зоран Заев му подарил на српскиот претседетел Александар Вучиќ икона од светецот Св. Пантелејмон.
„На претседателот Александар Вучиќ му подарив икона од светецот Пантелејмон, кој своевремено целиот свој живот го поминал во лекувањето на болните и во служба на изнемоштените, напиша Заев на инстаграм.