ГО ПРЕТСТАВИ КАКО ЧУДОТВОРЕН: Лекот на Трамп не делува против коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Мај, 2020
Претседателот на САД, Доналд Трамп веќе „една недела“ користи хидроксихлорокин како профилакса, односно превентива против Ковид – 19.
Но, најмалку пет студии утврдија дека „лекот на Трамп“ не делува.
Тоа е лек против маларија кој веќе два месеци Трамп го препорачува како чудотворен лек за Ковид - 19 сам или заедно во комбинација со азитромицин, антибиотик кој е изум на хрватската компанија Плива, а кој кај нас се наоѓа под името „Сумамед“.
Првата студија за хидроксихлорокинот како терапија за Ковид – 19 е направена во март во Франција и истата е објавена во списанието „Journal of Antimicrobial Agents“. Ова даде некаква надеж за борба со вирусот. Во експериментална група од заболени лица кои земале двојна терапија хлороксихлоринот и азитромицинот на шестиот ден од лечењето дала резултат според кој никој повеќе не бил позитивен на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.