05 Декември, 2025
0.0332

ГО ВОЗЕЛА ПОСТАРА ДАМА: Се продава јагуарот на кралицата Елизабета

Објавено во: Општо 05 Ноември, 2022 10:41

Добивај вести на Viber

Неодамна починатата кралица Елизабета Втора. имаше голем број автомобили во својата колекција, а меѓу нив беше и Jaguar X-Type. Тоа беше модел на зелен караван кој најчесто го користеше во последните години од животот, особено за превоз на своите четириножни миленици.

Автомобилот за прв пат е регистриран во 2009 година, а до денес има поминато само 120.000 километри. Под хаубата се наоѓа моќен 3.0 V6 во комбинација со погон на сите тркала. Се подразбира дека опремата е комплетна и вклучува се што нудеше Jaguar во тоа време.

Автомобилот ќе биде понуден на аукција на платформата Historic Auctioneers почнувајќи од 26 ноември. Почетната цена е само 1 GBP, но се очекува да генерира голем интерес и висока цена. Џејмс Гуд од аукциската куќа рече: „Голема чест е да се донесе ова фантастично парче историја на аукција. Како што можете да видите од документите, првиот сопственик беше кралицата Елизабета Втора“. Ништо, вистински колекционерски предмет.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: