ГО ВРТЕВ ЦЕЛО СКОПЈЕ, ДВА ЧАСА МИ ТРЕБАА ДА СТИГНАМ ДО РАБОТА, блокадите продолжуваат трет ден, Скопјани револтирани
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2022 15:18
Два саати патувам од дома до работа, релацијата порано ја поминував за 40тина минути. Разбирам дека сакат да ги наплатат долговите, но не треба цел град да биде заложник на нерасчистени должничко доверителски односи. Нека се тужат и нека си ги расчистат нерасчистените сметки. Ова е малтретирање, вели една средновечна госпоѓа. Таа посочува дека редовно користи јавен превоз, и дека патува од едниот до другиот крај на главниот град, но дека поради блокадите сега нејзиното стигнување на работно место трае предолго.
Таа за „Фактор“ револтирано раскажуваше дека во текот на вчерашниот ден за да се врати дома чекала цел час автобус, а дополнитлено што и патувала уште два саати до дома.
- Н само што има блокади, и што кружиме од кај Кале, или од позади Рамстор, дополнително нема ниту автобуси. Редовно ја користам линијата со број пет, иако на распоред има често напишано автобуси, на терен се чека со саати. Ова е навистина страшно - дополнува таа.
Блокадите на главните крстосници продолжуваат и денеска, тред ден по ред. Скопје е под блокада на приватните превозници во јавниот превоз. И по 48 часовната блокада изминатите два дена нема никаква реакција од Градот Скопје.
Превозниците велат остануваат на улица се додека не добијат некаква понуда за договор.
За денеска пак Град Скопје најави дека ќе објави јавен повик за избор на приватни превозници за линиите 20 и 22. За другите линии се на став дека нема потреба од приватни автобуси бидејќи нив ги презема ЈСП „Скопје“ и со тоа граѓаните добиваат ,,поодобра, поевтина, сигурна и стандардизирана услуга”. Според информациите од кабинетот на Арсовска на јавниот повик ќе може да се пријават сите заинтересирани, а превозниците Слобода превоз и Макекспрес нема да може да се пријавуваат на огласот една година од раскинувањето на договорот со нив.
Приватните превозници веќе трет ден со автобуси блокираат три клучни крстосници во Скопје, крстосницата кај Мавровка, кај Црвен крст и Илинденска на потегот од финтана до спортскиот центар Борис Трајковски со што го парализираат целиот сообраќај во центарот на главниот град.
Вчера се огласи и минстерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, кој рече дека „Скопјани трпат преголема штета поради блокадите на приватните превозници. Протестот, треба да биде насочен кон други, а не граѓаните да ги плаќаат последиците“. Самиот тој едвај излегол од Скопје вчера поради блокадите кои најдиректно ги нарече самоволие. Пенов претходно за протестот на автобусџиите најави и можни мерки, на што тие вратија дека може да се обиде да ги отстрани и со тенкови, но пак ќе останат на улиците.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




