20 Декември, 2025
0.0468

ГО ЗАГУБИ СОПРУГОТ: Наместо да слават златна свадба, поплавата  вечно ги раздели!

Објавено во: Економија 26 Август, 2016 07:48

Добивај вести на Viber

“Не разбуди силниот татнеж. Долниот спрат од куќата почна да се полни,  а силната вода која доаѓаше од сите страни почна да ги покрива и скалите од горниот спрат во кој живеат синот и снаат. Не фати паника, почнавме да плачеме, викаме за помош. Се качивме горе и се молевме да престане дождот” -вакви се последните сеќавања и спомени од  невремето  на   Рада Кипева   од скопско Стајковци. Вели кобните неколку часа не ја однеле само нејзината животна заштета вложена во двоспратната куќа, туку  и нејзиниот животен сопатник. Сопругот   Трифун   откако се смирила бурата, се симнал во нивниот дом и ја видел потресната слика од која доживеал шок. Следните минути вели  Рада   се мачеле да повикаат помош и да го однесат во болница. Пред десетина дена  стигнала веста дека ги напуштил засекогаш. “Беше страотна глетката. Легнавме да спиеме. Почна силно невреме. Се се случи за неколку минути. Немавме време ниту да реагираме. Собата на долниот спрат се полнеше со вода. Го разбудив сопругот и што да видам, газиме во вода до колена. Додека да се свртиме нивото се покачуваше. Викав за помош, плачев, но безуспешно. Се качивме на вториот спрат кај синот. По неколку часа се смири дождот. Но кога се симнавме имаше што да видиме. Немаше предмет што не е покриен со кал. Цели наноси. Вакво нешто  да не доживее најголемиот душман”- растревожено раскажува   Рада. 14088537_1268510143161379_373896414924407738_n Разочарана е како што вели од надлежните. Биле оставени сами на себе, кој како знае и умее да  се снаоѓа. Со денови ја црпеле калта и водата од куќата за да можат да си обезбедат пристап за расчистување. “Нов мебел, шкафови, покуќнина, кревети, машини, цел спрат беше среден комплетно- нема ништо. Се зборува по телевизии за помош, а кој ја видел? Дење ноќе работам за побргу да се вратиме во нормала. А дали можеме? Жал ми е за ќерка ми и внучето кое се роди на 8 јули и само што наполни 40 дена, но наместо да се радуваме ние ја добивме најтешката вест-дека сопругот ми отиде. 14088522_1268510236494703_1287436954104930278_n Нема каде ни бебето да го чуваме, па го носиме кај другарка на ќерката. Јас спијам на душек, како ќе се снајдам само да е на суво. Сега кој да ни помогне. Има ли помош за ваква болка и очај? Оваа куќа е градена со пот. Од плата. Работевме и јас и сопругот цел живот. Неможам да ви опишам со која радост ја градевме куќата. Продадовме стан во Карпош, ни беше тесно па си рековме да ги обезбедиме децата. Сега не ни остана ништо. Си живеевме сложно,требаше да славиме педесет годишнина од брак, си правевме планови.  Мислев можеме светот да го имаме, а сега немаме ништо” - додава низ солзи Кипева. 14054986_1268510219828038_824319578516764691_n Ваквата судбина вели    Рада не помислувала дека ќе ја снајде ниту во најголемиот кошмар. Но се сеќава дека пред неколку дена  доживела уште еден уште поголем шок. За ситуацијата да биде уште потешка и поболна  не можела да спроведе погреб на сопругот доколку веднаш не плати за трошоците. “Ми бараа 700 евра од локалната  црква за погребот. Јас незнаев главата каде ми е. Пари немав. Се беше поплавено. Немав ни од каде да земам.  Само отсечно ми возвратија- ако немаш чувај си го дома, или снајди се! Па зарем тоа го заслуживме. Да се нема разбирање и жал на овие маки. На сите страни давачки. Се позајмував, па сега ќе ги чекам парите од солидарниот пензиски фонд да стигнат за да се раздолжувам. А колку тие пари ќе го покријат трошокот?! Незнам како ќе се снаоѓам”- потенцира Рада. 14079474_1268510193161374_9183103572550843300_n Комисијата за проценка на штети поминала уште минатата недела   и направила записник. Но што има во него  Рада не знае. Деновиве видела како луѓе кои немаат штети од поплавите како бараат и земаат хуманитарна помош, се пријавуваат како загрозени од невремето и се повикуваат како блиски роднини или пријатели на луѓе од локалната власт. Затоа нема големи очекувања.  Деновиве треба да ги земе  парите од авансната помош. Петстотини евра вели не се доволни за ништо, но за почеток размислува да купат само кревети колку да има каде да се приберат со ќерката и внучето. За понатаму не сака да размислува- бидејќи сите надежи, планови и соништа пропаднале. Сега почнува ново животно патешествие. С.Б.  

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба