18 Декември, 2025
0.0605

Годинава плус 10 милиони евра камата за автопатот Кичево - Охрид

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2023 07:40

Добивај вести на Viber

Десет милиони евра годинава како дополнителна сума ќе ја плаќа Јавното претпријатие Државни патишта кон кинеската Ексим банка за автопатот Кичево - Охрид чија изградба, барем според последниот анекс-договор, треба да заврши до крајот на 2023.

Она што не го спомена ЈПДП при презентацијата на годишната програма за 2023 е дека, покрај 4,33 милијарди денари за исплаќање на основната главнина и 780 милиони денари за отплата на каматите кон странските кредитори, ќе бидат потребни и 600 милиони денари за исплата кон Министерството за финансии за репрограмиран долг кон Кинезите.

- Долгот кон Министерството за финансии произлегува од отплатите на ануитетите кон Ексим банка, кои за Јавното претпријатие ги изврши Министерството за финансии, а потоа беа склучени договори за репрограмирање на долгот, односно отплата на истиот на 84 месечни рати, се вели во програмата на јавното претпријатие.

Не е познато дали Министерството за финансии се задолжило кај друга меѓународна кредиторна институција за исплата на овој вонреден долг, но од порано е познато дека  има, како што беше кажано, потреба за „обезбедување на дополнителни финансиски средства произлезени од непредвидени и дополнителни работи“. 

Пет милиони евра за враќање на долг преку Министерството за финансии биле предвидени и во програмата на „Државни патишта“ за 2022, додека во претходните години не постоела таква ставка.

Отплатата на годишната рата за изградбата на автопатот Кичево - Охрид кон кинеската Ексим Банка пораснала на 33,7 милиони евра, покажа годишниот извештај на јавното претпријатие „Државни патишта“ за 2021.

Оваа сума се добива за една година, бидејќи шестмесечниот ануитет кој се исплаќа за изградбата на автопатската делница на секоја половина година изнесува 16.834.832 евра за лани.

Ова е прв пат да биде евидентирана ваква радикална промена во цената на фамозниот автопат, ако се знае дека претходно секогаш полугодишната рата изнесуваше 9.962.521 евра, односно на годишно ниво беше 19,9 милиони евра. Тоа значи дека сега разликата, со наметнатото поскапување, која што ја плаќаме е 13,8 милиони евра на годишно ниво.

Државниот завод за ревизија во Конечниот извештај за извршена ревизија за успешност “Задолжување на субјекти од јавен сектор, степен на искористеност на кредитите и заемите, платени и створени трошоци” наведува дека финансирањето на проекти со договори за заем, како што е кредитот од кинеската Ексим банка, пропратен со непридржување на динамиката на градба поради несоздадени услови за изведба, има и дополнителен ефект во зголемување на вредноста на инвестицијата.

Па така, само кај автопатот Кичево-Охрид, којшто се гради со кинескиот кредит, има зголемување на вредноста на инвестицијата по основ на трошоци по договор за заем за камати и провизија во висина од 39 милиони американски долари, утврдиле државните ревизори.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?