23 Ноември, 2024
0.0255

ГОЛЕМ ГОДИШЕН ХОРОСКОП 2017: Бикот го очекува стресна година, успешна година за овенот...

Објавено во: Општо 15 Декември, 2016

Добивај вести на Viber


РАК

Најголемите случувања  за вас во 2017 година ќе бидат поврзани со кариерата. Ударот кој сте го доживеале во минатото, во оваа година ќе добие свое посилно ехо, па така вие често ќе се присеќавате на минатите денови.

Сепак, тоа ќе влијае на вашата посилна мотивација за да го решите проблемот и да придвижите и откриете нови хоризонти. Ќе доживеете доста авантури и непредвидени ситуации.

Врската помеѓу Сатурн и Уран во вашиот знак ќе ви даде поддршка на работното место се до 2018 година. Ќе добиете мотивација да создадете нешто базирано на вашето претходно искуство и чувства кои сте ги стекнале за сите овие минати години. Вашиот успон ќе биде очигледен во 2017 година, но ќе бара многу труд и работа. Ништо не доаѓа преку ноќ, па така обврските и одговорностите ќе растат, а вашиот работен, како и финансиски успех ќе бидат далеку подобри во првата половина од годината.

На љубовен план и тука постојат знаци за успех. Сатурн, кој досега ве кочеше, ве правеше недоверливи, тешки и пребирливи, сега го напушта вашиот знак и отвора нови можности.

Вашиот секојдневен живот ќе стане доста поопушен и ќе се забавувате како никогаш досега. Ќе имате повеќе слободно време кое ќе го поминувате во потполно нови и неконвенционални активности.

Се на се’, ќе бидете далеку поотворени, попозитивни и ќе се впуштате во бројни социјални контакти, особено во втората половина од годината.

Кога станува збор за вашето здравје, вестите не се баш најдобри. Сатурн кој ја напушти куќата на љубовта, сега влегува во куќата на здравјето и може да предизвика бројни проблеми. Тука ќе се задржи следните 3 години, па затоа внимавајте!

Негативните последици можете да ги сузбиете со физичка активност и здрава исхрана, но секако очекувајте некои проблеми со коските и зглобовите, како и извесни проблеми со кожата. Редовните прегледи ќе ве заштитат од хронични заболувања.

ЛАВ
Во текот на 2017 година ќе имате голем сојузник - Јупитер кој ќе се задржи во вашиот знак се до август 2017. Јупитер ќе ви даде голема доза на среќа, оптимизам и позитивна енергија, па ќе ви се чини дека апсолутно се’ можете да постигнете и остварите.

Позитивниот став кон животот и вашиот карактеристичен хумор нема да ве напушти, напротив, ќе ви дава сила да ги надминете и најтешките моменти. Ќе имате отворен дух за луѓето околу себе, како и за нивните иновативни идеи.

Вашата искрена и великодушна природа ќе биде акцентирана во овој период, па и настаните кои ќе следат ќе имаат подобар прием кај вас. Во текот на 2017 година ќе имате поголема желба за осамување и да се одвоите од вашите ближни посветувајќи си се себеси и на своите потреби, па повеќе ќе патувате на далечни и егзотични дестинации.

Ќе дојдете во контакт со странци и мултинационални компании, а постојат и големи шанси дека ќе остварите долгорочни бизнис контакти со нив. Јупитер ќе ги зголеми вашите когнитивни способности, па затоа 2017 година е добро а ја искористите за стекнување со нови знаења и искуства. Јупитер и Уран ќе создадат тригон во куќата на интелектот и тоа во концепт на апстрактно размислување.

Во првата половина на 2017 Јупитер ќе создаде тригон со Сатурн засилувајќи ги административните и организационите способности, што ќе ви даде дополнителна поддршка за исполнување на зацртаните цели и амибиции.

Ќе уживате во балансот на стабилноста во текот на целата 2017 година. Односите со љубовта како и со бизнис партнерите, колегите, но и пријателите, ќе бидат токму онакви какви што сакате. Кога станува збор за децата, за вас ова ќе биде многу важно прашање во 2017 година.

ДЕВИЦА
Во текот на 2017 година, Сатурн ќе мине низ четвртата куќа на Сонцето од вашиот знак. Со помош на Јупитер и Уран, Сатурн ќе ја даде потребната поддршка кога станува збор за недвижнини – без разлика дали ќе се купува или реновира.

Може дури да се случи и наследство, иако ќе има и зголемена одговорност и грижа како и конфликт со родителите. Ќе постои атмосфера на отуѓеност и осаменост. Атмосферата во фамилијарните односи малку ќе се поправат, но само во август, која Јупитер ќе влезе во знакот на девица. Позитивниот набој ќе трае од 11 август  до 9 септември.

Јупитер на вашата страна ќе направи повторно да ја почувствувате убавината на животот. Ќе бидете посреќни а вашиот љубовен живот, како и кариерата ќе имаат позитивен предзнак. Она што ви се чинеше невозможно во 2015 година, ќе биде потполно остварливо во 2017.

Ќе се ослободите од стравовите и забраните кои сами себеси си ги наметнавте и ќе ја почувствувате подобрата страна на животот. Ќе сакате да патувате, да стекнувате нови искуства и да ги ширите своите знаења и образование. 2017 година ќе биде во знакот на големи промени и иницијативи на сите полиња.

Она што сепак нема да биде во знакот на прогрес е вашето здравје. Јупитер носи проблеми со килажата, црниот дроб и висок крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта!

Претходна страна  Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.