23 Ноември, 2024
0.0345

Голем годишен љубовен хороскоп: Еве што го чека секој хороскопски знак до крајот на 2019 година

Објавено во: Општо 30 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Овен

Кога е во прашање љубовта, вие ќе имате јасна визија и ќе чувствувате дека сте на вистинскиот пат. Веќе во првите денови од почетокот на годината ќе бидете подготвени за многу промени. Во текот на пролетта слободните Овни ќе имаат добри прилики, па ќе размислувате во кој правец да тргнете. Ќе бидете задоволни со својот избор.Во текот на летото некои претставници на овој знак ќе се обидуваат да ги подобрат односите со својот партнер. Научете да го почитувате и тушото мислење. Слободните Овни во текот на есента ќе имаат проблем со пронаоѓање на партнер, а оние кои се во врска ќе се трудат да го подобрат совјот емотивен живот. Во текот на зимскиот период некои Овни ќе се најдат на раскрсница каде што ќе треба добро да размислат по кој пат да тргнат.

Бик

Во 2019 година Биковите многу ќе се трудт да не останат сами. Во текот на пролетта ќе го покажат својот шарм и ќе се обидат да го освојат спротивниот пол. Оние кои се во врска или брак исто така ќе се трудат да ја задржат страстта во односите со партнерот. Летото им носи хармонични односи на зафатените Бикови, додека пак слободните ќе влегуваат од авантура во авантура. Во текот на есента многу Бикови ќе ги носат последиците од летните авантури, а со доаѓањеето на зимата ќе дојдат и посериозните одлуки, како на пример за заедничко живеење или брак.

Близнаци

Во текот на 2019 година Близнаците ќе бидат многу неодлучни во врска со љубовта. Почетокот на пролетта за нив ќе биде тежок период. Тешко ќе прифаќаат одговорности и ќе се најдат пред прагот на донесување тешки одлуки. Во текот на летото повеќето Близнаци ќе бидат незадоволни со својот љубовен живот. Честите авантури ќе доведат до неуспех. Во текот на есента повеќето Близнаци ќе бидат подготвени за нови почетоци. Тоа најмногу се однесува на оние кои со години избегнувале долги и сериозни врски. Во ладните зимски денови, Близнаците ќе се посветат на својот партнер и ќе уживаат во долги прегратки.

Рак

Раковите ќе бараат љубов во текот на целата година. Со доаѓањето на пролетта, многумина претставници на овој знак може да влезат во љубовна приказна која на почеток би функционирала совршено, но потоа ќе сфатат дека таа личност не е вистинската. Кога ќе пристигне летото, Раковите ќе се преиспитуваат самите себеси колку вложиле во врските и колкави грешки направиле. Тие ќе бидат три комплицирани месеци... Есента носи прилично трнлив пат за оние кои се во врска или брак, при што ќе биде потребно повеќе компромис. На слободните претставници на овој знак, пак, повеќето работи ќе им одат од рака. Во текот на зимскиот период многу Ракови може да обноват некоја врска од минатото, а други пак може брзо и интензивно да се заљубат во некоја нова личност.


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.