Голем годишен љубовен хороскоп: Еве што го чека секој хороскопски знак до крајот на 2019 година
Објавено во: Општо 30 Мај, 2019
Стрелец
Нестабилна година за оние кои се во врска или брак. Во текот на пролетта односот со партнерот ќе ви биде променилив и на некој начин ќе се чувствувате неисполнето. Ако сте слободни, постојат мали шанси да влезете во некоја врска. Во текот на летото, слободните Стрелци ќе имаат многу подобра ситуација, а некои претставници на овој знак може повторно да се свртат кон минатото. Во текто на есента, Стрелците ќе имаат проблем во своите важни односи. Постојат шанси некои од вас да стават точка на врската или бракот, а пак слободните припадници на овој знак може да ја обноват врската со некој поранешен партнер. Во периодот на зимата некои Стрелци може да се одлучат за брак.
Јарец
Оние кои се слободни оваа година ќе имаат бројни можности да пронајдат среќа, кога е во прашање љубовта. Почетокот на годината носи добро расположение, но и вистински прилики за нова љубовна приказна. Зафатените Јарци по малку ќе се чувствуваат и несигурно. Со летото почнуваат и проблемите за оние кои се зафатени. Односите ќе бидат прилично напнати, при што ќе биде потребно повеќе трпение и толеранција. Слободните ќе имаат можност да избираат помеѓу минатото и сегашноста. Есента носи стабилизирање на ситуациите. Во текот на зимскиот период, пак, слободните Јарци ќе наидат на нови невообичаени можности за љубовна приказна.
Водолија
Благо речено, пред вас е една бурна година. Уште од самиот почеток вие ќе имате можност да влезете во приказна која ќе сакате да ја сокриете од очите на другите. Ова се однесува и на оние кои се слободни, затоа што може да се впуштат во одос со зафатена личност. Во летниот период оние кои се во врска или брак често ќе се соочуваат со несогласувања, сомнежи и љубомора. Научете да најдете компромис. Есента е време за корегирање на ситуациите, иако тоа нема да се одвива толку лесно, па некои односи не ќе можат да бидат спасени. Што се однесува до слободните, некои претставници на овој знак ќе одлучат да му се вратат на бившиот партнер. Зимскиот период носи големи пресврти и мисли кон минатото.
Риби
Рибите ги очекува една извонредно чудна година кога е во прашање љубовта. Со почетокот на пролетта вие ќе блескате со вашиот шарм, а зафатените Риби ќе имаат можности и за мали тајни флертувања и тоа преку работниот сегмент. Во текот на летото многу Риби ќе бидат преокупирани со минатото, па може да дојдат во контакт со бившите партнери. Што се однесува до оние кои се во врска или брак, тие ќе функционираат доста мирно. Есента им носи проблеми на сите кои се во каков било забранет однос, без разлика дали се зафатени или слободни претставници на овој знак. Со доаѓањето на зимата слободните Риби ќе ја имаат саканата личност покрај себе. Постои можност за повремена недоверба или љубомора.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.