05 Декември, 2025
0.3365

Голем маскенбал за децата од Карпош

Објавено во: Стил 01 Април, 2013 19:39

Добивај вести на Viber

Денеска во трговскиот центар „Скопје Сити Мол, илјада цветови, еден тенк, робот, 5 бубамари , неколку принцези , беа само дел од првоаприлскиот маскенбал организиран од Одделението за образование од Општина Карпош. На парадата учествуваа околу 1.000 деца кои со своите креативни маски ја збогатија духовитата програма, а за најдобрите тројца имаше и вредни награди. Таблетот беше првата награда наменета за најкреативната маска „Тенкот”,  дигитален фотоапарат доби креацијата „Робот” , додека групната , односно трета награда ја освоија децата од О.О.У. “Владо Тасевски” од Општина Карпош со кореографијата „Животинско царство”, кои добија бесплатни влезници во киното “Cineplexx”. Во оваа група, околу 30-тина деца добија можност бесплатно да ја следат кино програмата. „Беше  тешко да се одбере најдобра маска, сакавме да биде нешто иновативно и рачно изработено па тоа и го постигнавме, наградите кои учениците ги добија се навистина креативни и максимално се потрудиле тоа да изгледа оригинално“, истакна за време на манифестацијата Драгица Ивановска од Одделението за образование на Општина Карпош.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: