Голем месечен хороскоп за ЈУНИ 2018: Jарецот ќе добие финанскиски прилив, на бикот му престои одличен месец
Објавено во: Општо 16 Мај, 2018 19:14
ОВЕН
Љубов – Со толку потенцирано поле на домот и семејството, Овновите би можеле да направат феноменални работи – да го реновираат станбениот простор, евентуално да се преселат и слично. Вистина е дека Марс во ова поле може да потенцира и расправии, но оваа енергија сега релативно лесно може да се насочи кон нешто многу покорисно, нешто што вам и на вашиот брачен партнер ќе ви донесе задоволство и исполнетост. Доколку сте слободи, за вас многу подобар ќе биде вториот дел од јуни.
Работа – Ќе ви одговара транзитот на Меркур низ Близнаци кој ќе трае до последната недела на јуни, а кој ќе придонесе да бидете поактивни, покомуникативни и на време да ги искористите шансите кои ви се нудат. Но, тука ќе има и застој – вашиот владетел во знакот на Рак нема да ја има потребната сила да се избори со некои околности.
Здравје – Подобро ќе функционирате во првиот дел на месец јуни.
БИК
Љубов – Со Венера, вашата владетелка, во полето на личноста, ќе имате преубави моменти во текот на јуни. Ќе се чувствувате феноменално, ќе ширите позитивна енергија и оптимизам, а партнерот насекаде ќе ве следи, спремен да ви посвети внимание и љубов. Немојте да заборавите дека во овој период ќе бидете на посилна позиција од него и дека од време на време треба да му „прогледате низ прсти“, но тоа во никој случај нема да го загрози вашиот однос.
Работа – Ви претстои одличен месец. Нагласено поле на личноста, на работата и парите па ќе имате доста договори, движење и комуникации. Во суштина, кога ќе собереме и одземеме, ве чекаат уште само неколку дена кои ќе ве кочат во работата, но после нив ќе имате одличен работен период. Доколку сте невработени, ништо не ви стои на патот до успехот и реализирањето во овој сегмент.
Здравје – Бидете внимателни во текот на возењето автомобил.
БЛИЗНАЦИ
Љубов – Во емотивните емоции ќе можете да се опуштите и да уживате во љубовта со саканата личност. Сепак, бидејќи во текот на овој месец ќе се насочите на себеси и вашите цели, можно е повремено да немате доволно време за вашиот партнер, па во текот на јуни ќе дојде до одредени напнати ситуации. За среќа, тие нема да бидат доволни за да предизвикаат дестабилизација на вашата врска.
Работа – Овој месец ќе имате одлично можности, волја, акција и способност да ги реализирате вашите идеи. Ќе бидете доста активни, но во исто време одлично ќе се организирате и ќе можете вашето внимание да го насочите на повеќе фронтови. Не бидете мрзеливи и не чекајте приликите сами да дојдат туку вие најдете ги.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





