Голем месечен хороскоп за јуни: Нова работа за водолиите, среќен месец за стрелците...
Објавено во: Општо 10 Мај, 2017 20:00
Јарец
Работа - За вас не постои пречка за успех, бидејќи се' ќе постигнете со внимателна работа. Имате добри контакти на работа кои ќе ви помогнат во тоа како и поддршка од вашиот пријател. Јарците кои се во потрага по работа ќе имаат големи шанси за ново вработување. Што се однесува до финансиите, во овој период би можеле да ја повлечете малку рачната за подоцна да можете да уживате.
Љубов - Ова е одличен месец за емотивниот живот на Јарците. Слободните припадници на овој знак ќе имаат доста можности за нова врска, додека оние во сериозна врска би можеле да закажат венчавки, додека тие што се во брак би требало да избегнуваат конфликти и расправии со партнерот, како и да обрнат внимание на тонот со кој им се обраќаат. Ако ви е во план да разговарате за бременост, тогаш бидете внимателни кога ја започнувате темата. Доколку веќе имате деца, очекувајте поради влијанието на Венера нивното однесување да се промени.
Здравје - Доволно одморете се, и добро би било да започнете да практикувате јога или медитација.
Водолија
Работа - Подгответе се за големи промени на вашето работно место. Работната средина ќе биде доста нестабилна, а можно е да бидете преместени и на друго работно место. Уран и Нептун, вашите планети на финансии нема да ви бидат позитивно наклонети во текот на овој месец па очекувајте привремен пад на заработката.
Љубов - Слободните Водолии на секој чекор ќе имаат можности за нови познанства и флерт, без разлика дали се излезени, на работа или во теретана. Влијанието на Марс ќе го потисне влијанието на Сатурн и ќе ве насочи кон романтичните води. До 21 јуни ќе уживате во врските без обврски, а после тој датум ќе се појават можности за сериозна приказна.
Здравје - Алтернативната медицина ќе ви биде од голема помош.
Риби
Работа - Голема е можноста да ви излезе можност за стручно усовршување, па добро би било да не ја пропуштите можноста. Доколку сте во потрага по работа, ќе ви се појави можност за вработување. Но, пред да ја прифатите понудата би требало да ја проверите работата која ви се нуди. Финансиската ситуација ќе биде стабилна, бидејќи заработката ќе биде одлична.
Љубов - Се' до средината на јуни ќе имате турбулентен период за емотивниот живот на Рибите, а после тоа можете да дојдете до здив. Слободните припадници на овој знак би можеле да се заљубат на некој настан или преку страна за запознавање, а ќе бидете задоволни од вашата врска и доста ќе се забавувате. Оние со партнер ќе уживаат во нивните романтични моменти.
Здравје - Добро би било да одете на систематски преглед.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





