Голем месечен хороскоп за СЕПТЕМВРИ – Овенот ќе има многу среќа, Ракот проблеми со финансии
Објавено во: Општо 16 Август, 2018
Вага – Драги Ваги, септември е месец во кој ќе ви се случуваат важни пресврти, нагли скокови во сите аспекти на животот и воглавно работите ќе одат на подобро. Силната енергија која ја испраќа сонцето, ви помага да ги надминете сите препреки. Финансиите стагнираат од почетокот на месецот, меѓутоа доаѓа подобрување на банкарските сметки во втората декада од месецот. На љубовен план, Венера ќе доминира и ќе предизвика да сте незадоволни во врската. Доколку сте слободни, овој месец ќе им бидете и тоа како привлечни на спротивниот пол, особено Вагите кои во последно време видно се разубавија, кои работеа на себеси и кои знаат како да привлечат внимание.
Здравје – Поактивни сте од порано, па затоа здравјето ви е и повеќе од одлично.
Шкорпија – Овој месец е ваш; во вистинска смисла на зборот. Ќе имате напредок во работата, а вашите непријатели нема да можат да го игнорираат успехот бидејќи ќе пристигнуваат пофалби од сите страни. Невработените овој месец нека се фрлат во барање на работа, ова е вистинско време за вакво нешто. Вашето незадоволство ќе биде минато, па затоа не бидете песимисти. Доколку сте во врска, овој месец ќе ви донесе мали проблеми на емотивен план, во однос на вашиот партнер. Во вашата врска ќе преовладува мала несигурност, неизвесност за иднината и сите други промени. За слободните, оној кој го сметате за најдобар пријател, има задни намери.
Здравје – Здравјето ќе биде добро во текот на поголемиот дел од месецот, а при крајот се можни проблеми со алергија.
Стрелец – Септември е ваш месец. Ако сега не направите нешто поради кое ќе се гордеете, тогаш нема да го направите ни до крајот на оваа година. Имате поддршка од Јупитер, а Јупитер е познат само по добро, такашто нема да имате никакви препреки во финансиите. Рацете ви се одврзани и можете да работите се’ што досега сте сакале, а не сте можеле или не сте постигнале. Не се плашете од експериментирање, слободно започнете да се занимавате со нешто ново, започнете со необични проекти и ќе ја добиете заслужената награда. На љубовен план ве очекува турбулентен месец; во текот на првите 10 дена ќе бидете скоцентрирани на семејни работи, а со самото тоа ќе имате помалку време за партнерот. Ако сте слободни, можно е познанство во текот на овој месец, но познанството нема да биде долготрајна љубов.
Здравје – Она што ви е потребно е сон.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.