20 Декември, 2025
0.0485

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО РОМАНИЈА - проевропскиот градоначалник во третиот круг е избран за нов претседател, најмасовна излезенот на изборите

Објавено во: Свет 19 Мај, 2025 09:29

Добивај вести на Viber

Проевропскиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, ќе стане нов претседател на Романија, откако речиси сите преброени гласови до раните часови покажаа дека тој е пред неговиот крајно десничарски противкандидат Џорџе Симион во вчерашното гласање од вториот круг на претседателските избори.

Со преброени гласови од повеќе од 99 отсто од избирачките места, изборната комисија во Букурешт соопшти дека Дан освоил приближно 54,1 проценти од гласовите, додека Симион заостанува со околу 45,9 отсто.

- Претстои тежок период, неопходен за економско ребалансирање за да се постават темелите на здраво општество. Ве молам, имајте надеж и трпение, им рече Дан на поддржувачите откако излезните анкети покажаа дека води.

Претходно, Симион се прогласи за победник, многу пред конечниот резултат и спротивно на прогнозите, пренесе ДПА.

- Ние сме јасни победници на овие избори. Ја бараме оваа победа во име на романскиот народ, рече Симион на телевизија во живо пред своите поддржувачи во Букурешт по затворањето на гласачките места.

Тој даде слични изјави и на Фејсбук и X.

Пред изборите, Симион ги обвини властите за обид за изборна измама, иако не обезбеди докази.

Информативниот портал G4media.ro, цитирајќи неименувани извори од партијата AUR на Симион, јави дека се подготвуваат планови за оспорување на изборите доколку нивниот кандидат официјално биде прогласен за губитник.

Сепак, утрово тој го промени својот став и му честиташе на противникот

По објавувањето на првичните резултатие, десничарскиот кандидат Ѓорѓе Симион го призна поразот во вториот круг од претседателските избори во Романија и му ја честиташе победата на независниот кандидат, градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан.

„Би сакал да му честитам на мојот противник Никушор Дан, кој победи на изборите. Тоа беше волја на романскиот народ“, рече Симион во видео порака објавена на Фејсбук.

Тој им се заблагодари на повеќе од пет милиони Романци кои гласаа за него и рече дека нема да ги разочара.

„Нема ништо поскапоцено за мене од нивната доверба. Бевме сами против целиот систем, сами против сите. Горд сум на вас и се надевам дека ве претставував чесно“, рече Симион, објави денес Медиафакс.

Тој им рече на своите гласачи дека е време да се продолжи со заедничката борба „за правда, за вистина, за природното семејство, за христијанската вера и за слободата“.

Претседателските избори се повторување на гласањето од минатиот ноември. Тогаш, прорускиот кандидат Калин Георгеску победи во првиот круг, водејќи кампања главно на онлајн платформата TikTok.

Меѓутоа, непосредно пред закажаното гласање во вториот круг, Уставниот суд го поништи првиот круг поради неправилности во финансирањето на кампањата и му забрани на Георгеску повторно да се кандидира.

Изборите се сметаат за важни за Европската Унија и Украина, која повеќе од три години се брани од руска инвазија. Романскиот претседател има силно влијание врз надворешната и безбедносната политика.

Симион, кој е критичен кон поддршката за Украина, заврши околу 20 процентни поени пред Дан во првиот круг на гласање на 4 март, но не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство. 

Дан, кој е усогласен со позицијата на ЕУ, ја поддржува Украина во нејзината војна против Русија. 

Како што пишуваат медиумите, оваа изборна трка беше обележана со најголема излезност во последните 25 години.

Овие избори беа организирани откако претходните избори кон крајот на минатата година беа поништени поради наводи за руско мешање и нерегуларности во финансирањето на кампањата, што предизвика длабока политичка криза.

Изборите во Романија, би можеле да означат крај на повеќемесечната политичка криза што кулминираше со хаотична ситуација по поништувањето на изборниот процес на крајот од минатата година, само неколку дена пред вториот круг гласање.

Исходот од овие избори не значи само политичка стабилизација во Романија, туку и потврда на нејзиниот стратешки курс кон Европската Унија и НАТО. Тој сигнал беше пречекан со олеснување од лидерите во Брисел и бројни европски престолнини.

Новиот политички пораз на лидерот на националистичката партија, Ѓорѓе Симион, кој навести можен пресврт во надворешната политика на земјата, дополнително го зајакна проевропскиот блок. Иако Симеон никогаш експлицитно не повикал на напуштање на ЕУ, неговиот политички дискурс и најави - вклучително и можноста за суспендирање на воената помош за Украина - предизвикаа загриженост кај западните сојузници.

Романија, стратешки лоцирана на источното крило на НАТО, во непосредна близина на Украина и Црното Море, игра клучна улога во регионалната безбедност. Затоа овие избори привлекоа внимание не само во земјата, туку и низ цела Европа и трансатлантската алијанса.

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја