06 Мај, 2024
0.0239

ГОЛЕМА ЧЕТВОРКА: Овие луѓе владеат со Балканот!

Објавено во: Балкан 25 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Двајца Хрвати, еден Србин и еден Словенец. Ова се најмоќните луѓе на Балканот, според „Форбс“. Заедно можат да се наречат „Големата четворка“: Хрватите Ивица Тодориќ и Емил Тедески, српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ и Словенецот Санди Чешко. 1.Ивица Тодориќ - од цвеќар до најмоќен човек на Балканот Компанијата на Тодориќ Агрокор неодамна го купи мнозинскиот пакет во словенечки Меркатор, со што овој гигант практично стана најголем во производството и продажбата на храна, а еден од најбогатите луѓе на Балканот со своето богатство отвори поголем број фирми во кои вработува над 30.000 луѓе. Тодориќ е роден во Загреб во 1951 година, а за неговата кариера, според хрватските медиуми, најзаслужен е неговиот татко Анте, кој некогаш се наоѓал на чело на фирмата Агрокомбинат. Но во 1971 година Анте Тодориќ е обвинет за грабеж од шест милиони германски марки, кои наводно и ги дал на Матицата на Хрватска за купување оружје. Прогласен е виновен и четири години поминал во затвор. Синот и таткото Тодориќ својот бизнис во поранешна Југославија го почнале со производство на цвеќе, а потоа и овошје и зеленчук. Својот пат кон она што е денес Тодориќ го започнал во 1989 година, кога Агрокор е регистриран како акционерско друштво, а најголем залет зема во 1994 година кога одеднаш купува неколку фирми, меѓу кои и Ледо, Униконзум, Бобис и кога ја основал Кредитната банка Загреб. Пред да го купи Меркатор, богатството на Тодориќ се проценуваше на 581 милиони евра. 2. Миодраг Костиќ - крал на шеќерот Најбогатиот Србин и втор по богатство во регионот е Миодраг Костиќ, чие богатство практично се дуплираше во последните неколку години и сега се проценува на 520 милиони евра. Денес тој е еден од водечките бизнисмени во Србија, но и во регионот на Источна Европа. Малата приватна фирма за трговија, увоз-извоз и производство, што ја основал во 1983 година, прерасна во деловен систем МК Група, која денеска брои 35 фирми и вработува околу 4.500 работници во Србија и Украина. Костиќ својот успех го должи на тоа што препознал дека Војводина е едно од најплодните места за одгледување на шеќерна репа во Европа и уште во 2002 година станал сопственик на три шеќерани во Војводина. Само година подоцна ја купил и најстарата фабрика за шеќер во Врбас. Потоа во 2006 година ја основал компанијата Суноко, како заедничка инвестиција на неговиот МК Комерц и германски Нордцукер, со цел да ја зајакне позицијата на европскиот пазар. Страста кон нови деловни предизвици го одвела Костиќ и во нови области, како што е инвестирање во хотелски и апартмански комплекс на Копаоник и основање на компанијата МК Маунтаин Рисорт, која вклучува повеќе други туристички објекти. Новите инвестиции му се врзани и за развој на обновливи извори на енергија, а од средината на ноември 2011 во состав на МК Груп влегува и Карнекс, водечката српска компанија за производство на месо и преработки. 3. Емил Тедески - музичарот кој стана милионер Сопственик е на Атлантик Групацијата цо чиј состав се наоѓаат Соко Штарк, Гранд кафе и Паланачки Кисељак. Тврди дека неговата компанија не е погодена од кризата, затоа што не зависи од хрватскиот пазар, на кој отпаѓаат само 25% од приходите. „Рецептот за преживување во време на криза за компаниите дефинитивно е повеќе извоз и да се биде повеќе меѓународно присутен“, вели Тедески. Тедески е претседател на Управата на Атлантик Групата и нејзин ко-сопственик, а со низа аквизиции, меѓу кои најважна е купувањето на словенечка Дрога Колинска, стана господар на балканските брендови. Кон средината на 80-тите Тедески се занимавал со музика. Роден е во Сплит, потомок на трговци од Корчула и иако не завршил факултет, води исклучително силна компанија. Со купување на Дрога Колинска Тедески стана сопственик на неколку фирми во Словенија, но и стана сопственик на силните регионални брендови познати уште од времето на социјализмот како - Кокта, Смоки или Донат Мг. Инаку Тедески секој слободен момент го поминува на својот имот во ловиштето и Парк на природата Пелегрин, на еден од најубавите делови на Хвар. Голем е љубител на пловидба, па дел од времето поминува и на своите два скапоцени брода. На ловиштето и објектите кои му припаѓаат Тедески има концесија до 2025 година, за што плаќа по околу 15.000 евра годишно. Пристапот до вилата во ловиштето е можен само преку море, а таму, според хрватските медиуми, чест гостин му е хрватскиот премиер Зоран Милановиќ со семејството. 4. Санди Чешко - „скромниот милионер“ Словенечкиот милионер Санди Чешко, сопственик на „Студио Модерна“ е уште еден од најбогатите бизнисмени во регионот, со богатство кое се проценува на 410,6 милиони евра. Но, за него нема многу достапни податоци надвор од Словенија. Самиот се претставува како „скромен милионер“ кој нема јахта, ниту пак секретарка. Парите главно ги заработува преку телевизиска продажба на различни производи. Чешко својот бизнис го започна со продажбата на Космодиск, а денеска е крал на душеците и перниците Дормео. Неговата фирма Студио Модерна работи во повеќе од 20 земји и е најголема компанија за директна продажба во источна Европа. Седиштето на компанијата е во Холандија.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари